Министерство за здравство во Газа: Досега починале 32.333 Палестинци

Најмалку 32.333 Палестинци се убиени, а 74.694 се ранети од 7 октомври 2023 година, во израелските напади врз Газа, според Министерството за здравство на Газа.

Ројтерс објави дека министерството управувано од Хамас соопшти дека само во последните 24 часа загинале 107 Палестинци, а 176 се ранети.

И израелската армија уапси уште 15 Палестинци во воени напади на окупираниот Западен Брег, објавија во понеделник групите за прашања на затвореници, јавува Anadolu Agency. Според палестинските податоци, од 7 октомври израелската армија уапсила 7.770 Палестинци на окупираната територија.

Related posts

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА Нема информации за повредени и за материјална штета

Столтенберг: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток

На што Израел потроши една милијарда евра за само една ноќ?