Просечната нето плата во Србија 818 евра

Просечната бруто плата во Србија во јануари годинава изнесувала 132.372 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси 95.836 динари(818 евра), објави денеска Републичкиот завод за статистика на Србија.

Медијалната нето заработка била 73.733 динари(630 евра), што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ.

Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за јануари е номинално повисока за 15,9 отсто, а реално за 8,9 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 15,8 отсто, односно реално за 8,8 отсто.

Во однос на декември 2023 година, просечната бруто-плата е номинално повисока за 1,5 отсто, а реално за 1,2 отсто, додека просечната нето плата е номинално повисока за 0,8 отсто, а реално за 0,5 отсто.

Во однос на платите, продолжува да води програмерската дејност, со 381.352 динари бруто или 279.645 динари(2.386 евра) нето и раст од над девет отсто во однос на истиот период лани.

Related posts

25 НОЕМВРИ – НОВА СРЕДБА ЗА ЕВРОПСКАТА ИДНИНА НА РЕГИОНОТ Брисел ќе го оценува напредокот на Западен Балкан

САКАМЕ БРЗ ПРИЕМ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕУ, НО МОРА ДА СЕ СПРОВЕДАТ РЕФОРМИ, КАЖА МЕРЦ НА САМИТОТ ВО ЦРНА ГОРА

Ако има самит Трамп-Путин-Кси ТОА ЌЕ БИДЕ ЈАЛТА 2 И НОВА ПОДЕЛБА НА ВЛИЈАНИЕ ВО СВЕТОТ