Ковачки: СДС и ДУИ 7 години ги ограбуваат и понижуваат граѓаните, време е државата да ја вратиме кај народот

Ова е почеток на крајот, крај на сите погрешни политики на Димитар Ковачевски, Зоран Заев и Стево Пендаровски. Почнуваме заедно, сплотени да им ставиме крај на неспособноста, на криминалот, распродажбата на Македонија и осиромашувањето на народот. Крај на предавствата кои ни ги приредуваа 7 години, изјави носителот на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, Драган Ковачки на митингот во Кочани.

Ковачки истакна дека  ова го чекавме 7 години и  сега е моментот да ја завршиме нашата работа и обврска и да си ја вратиме изгубената држава назад во рацете на граѓаните.

– Криминални скандали и афери, милионски тендери и распродажба на државните интереси, наведнување глава и прифаќање на ултиматуми штетни за овој народ и за Македонија. Време е да се стави крај на ваквото понижување и дивеење на ДУИ со Република Македонија. Порази, неправди, понижени, омаловажени, мрак, беда, сиромаштија, хаос, партизирани институции, девалвиран систем, непотизам, нерасчистени убиства, мафијашки пресметки, исплашени и небезбедни граѓани, крах на економијата, корумпирано здравство, уништено образование, тоа е сликата за денешна Македонија, рече Ковачки.

Ковачки потенцира дека граѓаните денеска после 7 години од СДС и, Заев и Ковачевски, живеат полошо од било кога, потонати во сиромаштија, а на сметка на тоа имаме функционери кои го окрупнуваат сопственото богатство.

Затоа тој нагласи дека им доаѓа крајот, но за тоа е потребна  победа на 14 април за Силјановска Давкова, а потоа верификација на победата на 8 мај  и победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласи дека победата на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давквоа  е важна затоа што СДС и ДУИ, 7 години ја понижуваат Македонија и македонскиот граѓанин

– 7 години ја пљачкате државата, 7 години ги распродавате националните и државни интереси на Македонија. Епа, доста е, време е за промени, за подобро утре за граѓаните на Македонија. Пендаровски беше аналитичар, а граѓаните ги навредуваше и свесно го продаде македонизмот со изјавата дека Гоце Делчев е Бугарин, тотално неодговорен, рече Ковачки.

Ковачки истакна дека потребен е рестарт на системот и затоа мораме да победиме, убедливо.

Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова е глас за горда Македонија, твоја Македонија, за сплотена и обединета, за исправена Македонија. Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за промена, изјави Ковачки

Related posts

Пропадна планот на бојкотирачите – Македонија избра претседател со излезеност од над 40 отсто

Манипулативни насоки до избирачките одбори да ги прашуваат гласачите за кои избори сакаат да гласаат

Одзивот на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, а на парламентарните е 46,93 отсто