Одзивот на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, а на парламентарните е 46,93 отсто

Одзивот на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, а на парламентарните е 46,93 отсто

 Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија(ДИК), прес-конференција, Скопје, 8 мај 2024 година

Вкупно 42,32 отсто граѓани гласале на претседателските избори до 17 часот, односно гласале 452.412 гласачи од податоци пристигнати од 2.040 избирачки места, со вкупно запишани 1.069.021 гласачи, рече Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија(ДИК), на прес-конференција попладнево.

Најголема излезност за претседателски избори досега има во Новаци, со излезност од 66,47 отсто. Најмала е излезноста во Липково, со 6.48 отсто.

Во споредба со вториот круг претседателски избори што се одржаа во 2019 година, сега има зголемување на одзивот од 7,19 отсто. Во споредба со првиот круг претседателски избори од 2024 излезноста е зголемена за 0,01 отсто, рече Даштевски.

До 17 часот до ДИК стигнале податоци и гласањето на парламентарните избори од 1.920 избирачки места. Од запишани 1.003.459 гласачи, на овие избирачки места гласале 470.950 гласачи, што е излезност од 46.93 отсто.

Одзивот на претседателските избори до 15 часот е 31,98 проценти, а на парламентарните 36,84

Според досегашните податоци на ДИК, најголема излезност за парламентарните избори има во Кривогаштани, 79,73 отсто, а најмала во Маврово-Ростуше со 22,93 отсто излезност.

Споредбено со парламентарните избори од 2020 година, на овие парламентарни избори има зголемување на излезноста од 8,15 отсто.

По изборни единици, досега најголема е излезноста во третата изборна единица, со 51,49 отсто. Најмала излезност досега има во шестата изборна единица, со 34,71 отсто.

Досега до ДИК се доставени вкупно 450 приговори за заштита на лично избирачко право. Од нив, 228 приговори се усвоени.

Во Северна Македонија денеска (8 мај) се одржуваат седми претседателски и единаесетти парламентарни избори. Право на глас имаат 1. 814. 317 граѓани.

 

Related posts

Пропадна планот на бојкотирачите – Македонија избра претседател со излезеност од над 40 отсто

Манипулативни насоки до избирачките одбори да ги прашуваат гласачите за кои избори сакаат да гласаат

ВМРО-ДПМНЕ: Победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори