Средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.
Разговаравме за трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување, благодарение на инвестицискиот бум во инфраструктурата што го прави оваа Влада.
Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и порта за поврзувањето со Централна Европа, и присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава го потврда тоа, но и ги потврдува развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство.