Министерот Николовски побара од германските компании да лобираат за решение на проблемот со македонските транспортери

Министерот Николовски побара од германските компании да лобираат за решение на проблемот со македонските транспортери

Билатерални договори со земјите членки на шенген зоната во кои влегува и Германија со кои ќе се олесни влезот и излезот на македонските превозници по воведувањето на строги правила од Европската Унија. Министерот за транспорт, Александар Николоски, побара од германските партнери што поскоро да се изнајде решение со кое македонските транспортери нема да бидат третирани како туристи, туку како професионални возачи.

Од Македонско-германското стопанско здружение, пак, нудат посредништво меѓу Македонија и Германија за надминување на проблемот поврзан со системот за влез и излез . Оттаму истакнуваат дека се подготвени да лобираат за што поскоро изнаоѓање решение поради соработката на двете земји.

Инаку, македонските превозници 11 месеци се соочуваат со потешкотии. Владата најави итни решенија, но засега билатерални договори се постигнати само со Швајцарија и Хрватска, со романија пак договорено беше да се издаваат дозволи наместо визи.

Related posts

Апликацијата „m.Uslugi“ е достапна за Андроид и иОС, засега нуди три електронски услуги

Рисот (балкански рис) е документиран во Македонија уште во средниот век; денес е еден од најзагрозените видови во Европа.

Македонскиот БДП по жител е 8.025 евра, ДЗС ги објави дефинитивните податоци за 2023 година