Мисајловски со добра вест за вработените во Армијата и одбраната: Платите се зголемуваат за 10%

Мисајловски со добра вест за вработените во Армијата и одбраната: Платите се зголемуваат за 10%

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска сподели убава вест за вработените во Армијата и одбраната, оценувајќи ја како „историски чекор“.

Тој сподели дека на последната владина седница поминал Буџетот за 2027 година, што значи дека влегува во Собрание и она што Мисајловски го истакна е дека со новиот буџет, платите на вработените во Армијата и одбраната ќе пораснат за 10%.

-Платаите во Армијата и одбраната се зголемуваат за 10 проценти. Тоа значи историско најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опватени во платата, изјави тој.

Министерот посочи дека преку социјален дијалог и во соработка со синдикатите бил постигнат овој исчекор.

-Ветив многупати дека ќе работам заедно со синдикатите, заедно со Армијата, оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор по примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата. Честитки до сите вработени, бидејќи тоа го заслужуваат, го заслужува Армијата, ние сме НАТО Армија и преку социјален дијалог ова го оствариме, потенцираше Мисајловски.

Мисајловски изрази благодарност до премиерот Мицкоски и министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска за поддршката..

Related posts

Купуваат електронски, плаќаат кеш: Сериозни предизвици во развојот на е-трговијата кај нас

Николоски најави изградба на два нови големи експресни патишта

Обвинителката која го гони судијата со парите во ѕид е нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал