Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска на надзорната расправа за Алта банка Битола во собраниската Комисија за финансирање и буџет, се огради од работењето на Народната банка и од работата на гувернерот Трајко Славески, изјавувајќи дека нејзиното право да предложи личност за функцијата гувернер, не значи и дека треба да ја контролира неговата работа.
Нејзиното сведочење во рамки на надзорната расправа, наместо да понуди конкретни одговори на поставените прашања и расчистување на дилемите околу давањето согласност на Алта банка Белград за влез во Македонија, на моменти се претвори во дебата кој има поголем легитимитет пред граѓаните и кои се уставните и законските надлежности на Претседателот на државата и на Собранието. Таа сепак, нагласи дека немала политичко влијание врз предлогот Славески да биде гувернер на Народната банка и дека изборот бил нејзин по широките консултации кои ги имала.
Во расправата исто така, беше евидентно настојувањето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ да ја вклучи и Еуростандард банка, иако таа воопшто не е предмет на оваа надзорна расправа.
Во воведното излагање во својство на сведок, претседателката Силјановска Давкова рече дека не е сигурна дека е надлежна за ова прашање во оваа фаза.
„Меѓутоа, би била овде со сигурност доколку се работи за избор на гувернер врз основа на мој предлог, или доколку била исполнета постапка за разрешување“, рече претседателката.
Таа посочи дека НБМ е една од најважните институции, исто како и финансиската сигурност, како и дека нејзините мисли се најмногу со засегнатите граѓани.
Силјановска Давкова смета дека низ призма на уставното право крајно невообичаено е во тек на надзорна расправа да се покрене интерпелација, мислејќи притоа на барањето за отповикување на гувернерот на НБ од страна на опозициската СДСМ, поднесено вчера.
„Инаку една од грешките во Уставот е кога е предвдиена интерпелација за носители на јавни функции. Интерперлацијата е инструмент за контрола на министрите“, рече Силјановска Давкова.
Пратеничката од редовите на НСДП, Соња Мираковска и постави на претседателката Силјановска Давкова неколку прашања, кои беа поврзани со нејзиниата одлука да го предложи Трајко Славески за гувернер, за мотивите и за околностите кои довеле до таква одлука.
„Вашата улога за предлог на гувернерот не е протоколарна, туку сте го предложиле кандидатот и треба да објасните врз основа на кои критеруиуми сте го направиле изборот“, рече Мираковска, потсетувајќи дека во јавноста беа објавени информаци дека за ова се разговарало на седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Таа исто така потсети дека Силјановска Давкова на 21 мај 2025 во посочила три критериуми: стручност и компетеннтност, достоинство и интегритет и особено реална можност за именување.
„Токму овој последен критеруиум отвора сериозна дилема што значи реална можност за именување, дали избравте кандидат кој најдобро ги исполнува професионалните, моралните и етичките критериуми или кандидат за кој сте знаеле дека ќе ја добие поддршката од парламентарното мнозинство“, рече Мираковска.
Таа додаде дека се отвориле и прашањата за консензус со опозицијата, кој патем претседателката не се обидела да го постигне, што не било случај со изборот на претходниот гувернер на НБМ.
„На 22 мај 2025 г. Премиерот Мицкоски јавно сооппшти дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи вашиот предлог. Имавте ли притисок од Мицкоски да го предложите Славески за гувернер?“, праша Мираковска, додавајќи дека по постапките и изјавите на Славески дека се консултирал со премиерот за влезот на Алта банка се отвора прашањето дали всушност Силјановска Давкова предложила независен гувернер, или „обичен партиски поданик чија политичка лојалност е поважна од инстуитуционалната независност“, што треба да ја гарантира функцијата, нешто што е спротивно на членот 50 став 3 од законот за НБ.
При давањето одговор од страна Силјановска Давкова, атмосферата во салата се вжешти со довикување од страна дел од пратениците, што ја поттикна претседателката да реагира и да изјави дека таа легитимитетот не го црпи од Собранието односно од пратениците, туку директно од народот, од кој добила 500 илјади гласови, како и дека според нејзиното образложение, таа не е должна да се отповика на поканата да биде сведок на надзорната расправа, но тоа го направила токму поради почит кон граѓаните.
Таа исто така нагласи дека изборот да го предложи Славески за гувернер на НБ го направила по широки консултаци што ги имала со академската заедница, поранешни гувернери и со пошироката стручна јавност, но не прецизираше дали се консултирала и со партиски лидери.
„Навредливо е за мене да одоговарам на прашања за односите со Вучиќ, Мацура, бесмислено е“, рече Силјановска Давкова.
Таа повторно беше конкретно прашана дали изборот на Трајко Славески бил нејзин избор или бил во согласност со ВМРО ДПМНЕ, на што Силјановска Давкова повторно се повика на нејзиниот легитимеитет
„Како си дозволувате да кажете како сум го избарала. Повторувам дека сум го избрала врз основа на законски критериуми. Го избрав врз основа на законски утврдени критериуми, без никаков притисок, одамна сум докажала дека сум имуна на притисоци“, рече Силјановска Давкова.
На забелешката дека требала да добие информаци од Агенцијата за разузнавање, која е под нејзина надлежност, за капиталот на Алта банка, таа рече дека станува збор за погрешна перцепција.
„Не заборавајте дека и Агенцијата е самостојна во извршување на работите, плус Агенцијата дејствува кон надвор, не кон внатре“, рече Силјановска Давкова додавајќи дека Собранието има Комисија за надзор, но „со претсетадел кој што не може да добие сертификат“, како и дека „ниту еднаш ниту имало желба, ни обид за надзор за нивната работа“.
Во по малку вжештената атмосфера, процедурално реагираше и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, кој се обрати кон Силјановска Давкова велејќи дека мора да има заемна почит, ако се сака да има добар однос.
„Никој, па ни претседателот на државата, не може да се однесува како да е тутор над Собранието. Денес сте тука во улога на сведок, а не како некој што ќе држи лекции“, рече Спасовски.
Координаторот на пратеничката група на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пак, исто така во процедурална реакција, се извини поради, како што рече „односот на опозицијата“, при што рече дека она што ги интересира граѓаните е каде е границата меѓу евентуалното политичко влијанио е врз независното работење на една институција, како и дека не треба наместо да се бара решение за банката, да се создаваат дополнителни проблеми за политички цели.
Според Силјановска Давкова, парламентарниот надзор е еден од најважните контролни механизми и еден од најотворените бидејќи надзорот не се концентрира само во пратениците туку се проширува преку експерти, луѓе кои во темата што е предмет на парламентарниот надзор имаат искуство, знаење, професионалност, што значи парламентот станува отворена институција во која може да се чујат различни гласови и да се добијат драгоцени мислења за заклучоците и јавноста да добие увид во проблемот.
„Затоа и јас дојдов овде и учествував во неколку надзорни распави со не многу добар завршеток, кои потоа судот ги преземал и се видечо дека заклучоците биле соодветни“, рече таа, додавајќи дека целта е да се врати довербата или да не се изгуби довербата во еден систем кој бил добар.