Просечната бруто плата во Србија во јануари годинава изнесувала 132.372 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси 95.836 динари(818 евра), објави денеска Републичкиот завод за статистика на Србија.
Медијалната нето заработка била 73.733 динари(630 евра), што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ.
Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за јануари е номинално повисока за 15,9 отсто, а реално за 8,9 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 15,8 отсто, односно реално за 8,8 отсто.
Во однос на декември 2023 година, просечната бруто-плата е номинално повисока за 1,5 отсто, а реално за 1,2 отсто, додека просечната нето плата е номинално повисока за 0,8 отсто, а реално за 0,5 отсто.
Во однос на платите, продолжува да води програмерската дејност, со 381.352 динари бруто или 279.645 динари(2.386 евра) нето и раст од над девет отсто во однос на истиот период лани.