Рекорден буџетски дефицит од 22 милијарди денари за 2024 година

Владата на СДСМ и ДУИ продолжува со прекумерното трошење и задолжување во периодот пред одржување на двојните избори

Буџетскиот дефицит заклучно со 3 Април 2024 година изнесува 21,967 милиони денари, што претставува:
• ДВЕ ТРЕТИНИ од планираниот буџетски дефицит ЗА ЦЕЛА 2024 година
• ПОВЕЌЕ ОД ШЕСТ ПАТИ ПОГОЛЕМ буџетски дефицит во однос на истиот период од 2023 година, објави на Фејсбик, Елена Петрова, дополнителен заменик министер во Министерството за финансии.

ПОРАСТОТ НА ВКУПНИТЕ РАСХОДИ Е СКОРО ПЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМ од порастот на вкупните приходи, односно во однос на истиот период лани имаме:
• пораст на вкупните расходи за 23,132 милиони ден. (31,9%)
• пораст на вкупните приходи за 4,774 милиони ден. (6,9%).

ЗАДОЛЖУВАЊЕТО кај банките и други институции на домашниот пазар со цел за покривање на буџетскиот дефицит во овој период Е ПОГОЛЕМО ЗА 90% во однос на истиот период лани.

Ќе продолжиме да ја информираме јавноста: за што трошеше Владата во овој период, но и како надлежните органи ги собираат приходите во овој период, напиша Петрова.

Related posts

Кој директор на државна фирма потроши 35 милиони евра за само два месеца?!

Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица – Штука“

Зголемен интерес за автомобилски кредити