Три анкети покажуваат голема предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ужива речиси трипати поголема доверба меѓу избирачите отколку најголемата опозициска партија СДСМ, покажуваат три истражувањата на јавното мнение спроведени во текот на изминатиот месец.
Како што брифираат од владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ имала доверба кај 24 отсто од учесниците во анкетите, додека следат социјалдемократите со 8,5 отсто доверба. Од македонските политички партии третата е Левица која ужива 6 отсто доверба.
Во албанскиот политички кампус, пак, се води скоро израмнета трка. Според овие истражувања, сумирано ДУИ има 7,9 отсто пред ВЛЕН со 7,2 отсто доверба.
Станува збор за рејтинзи добиени од две терениски и една телефонска анкета, спроведени по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ.