Home МАКЕДОНИЈА Пивоваров: Дебата за полиграф за пограничните службеници

Пивоваров: Дебата за полиграф за пограничните службеници

Пивоваров: Дебата за полиграф за пограничните службеници

by 88nil

 

Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров, најави отпочнувањето на серија јавни дебати за примена на полиграф за одговорните лице од пограничните служби односно за „сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија.

Користењето на полиграф би било превентивна мерка за спречување на можна корупција. Тој информираше дека проектот почнува откако на седницата на Владата се донесени заклучоци Националниот координативен центар за гранично управување (НКЦГУ) да отпочне со подготовките за отворање јавна дебата за оваа тема, истите да ги спроведе и да поднесе извештај со предлог за натамошно постапување.

„Дискусиите на национално ниво ќе се одржат во период од март до април 2024 година, во организација на  НКЦГУ со логистичка поддршка од Владата на Република Северна Македонија, на кои ќе бидат поканети претставници на надлежни национални институции (МВР, ЦУ, АХВ и ДИЗ) и засегнати национални институции (ЈО, АНБ, АР, УФР, УФП и УЈП), академската заедница, експерти и практичари, политички партии, амбасади на земји членки на Европската Унија, меѓународни организации, невладин сектор, здруженија на автобуски и камионски превозници, стопански комори и сите други заинтересирани страни. На вкупно петте поединечни сесии ќе бидат поканети медиумите“, изјави Пивоваров.

Тој оцени дека ситуацијата со корупцијата на граничните премини останува сложена, укажувајќи дека генерално корупцијата на граничните премини тангира два фундаментални сегменти по државата, а тоа се безбедноста и економијата. Доколку имаме само некој корумпиран службеник на граничната линија, можно е да бидат пропуштани наркотични супстанци, оружје, експлозиви и терористи што во голема мера би ја нарушило националната безбедност. Гледано од економски аспект, можниот внес на репроматеријали кои не се оцаринети или се оцаринети со помала царинска стапка од предвидената.

Националниот координатор Пивоваров оцени дека единствен начин за решавање на овој тежок проблем е примена на полиграфот како инструмент за утврдување на интегритетот на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија.

„Со примена на полиграфот се исклучува секоја можност за влијание од субјективна или објективна природа“, изјави тој и додаде дека ова е голем предизвик за секое општество, предлог за кој ќе се дискутира на сите нивоа со цел да се дојде до конечно решение со кое треба да се искорени корупцијата на граничните премини. Предлогот ќе наиде на силна реакција од оние кои не сакаат да се реши овој горлив проблем, како и од оние кои веќе се корумпирани.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00