Тошковски истакна дека станува збор за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување, неовластено работење во службата, како и фалсификување на фактури за нафта за снабдување на институции, кој ги констатирал директор на училиште по претходна пријава од вработен во институциите.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска гостуваше во телевизија Шења каде што, меѓу другото, ја образложи денешната акција на СВР Штип која што во соработка со надлежен обвинител и по постапка иницирана од актуелниот градоначалник на Општина Штип поднесе кривични пријави во која се опфатени повеќе лица.
Тошковски истакна дека станува збор за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување, неовластено работење во службата, како и фалсификување на фактури за нафта за снабдување на институции, кој ги констатирал директор на училиште по претходна пријава од вработен во институциите.
„Од страна на СВР Штип, по претходно иницирана постапка од страна на сегашниот грагоначалник на Општина Штип, преку директорот на едно од основните училишта во Штип е поднесена кривична пријава со која што се опфатени поголем број на лица. Кривична пријава за која што, како кривични дела кои што се сторени, се обезбедени соодветни докази од страна на СВР Штип и истата се однесува за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во служба и, мислам дека имаше и фалсификување на исправи во однос на фиктивна количина на нафта која што, преку договорниот орган, била доставувана во рамки на повеќе институции во рамки на општината за временски период од почеток на 2021 заклучно со 2023 година. Опфатени се повеќе лица во овој предмет, согласно информациите со кои што ги имам добиено, станува збор за повеќе милионска злоупотреба на буџетски средства на Општина Штип“, рече Тошковски.
Овде, додаде Тошковски, службите во рамки на министерството имаат утврдено дека станува збор за овие три кривични дела за кои се обезбеди соодветни докази и се превземаат сите дејствија во рамки на законот кој што треба да се превземат, се со цел да се утврди фактичката состојба.
„СВР Штип покренува постапка по одреден степен на докажаност на селокупниот докажан материјал кој што е прибран во соработка со надлежен јавен обвинител. Колку што имам информација во овој предмет и суштината на сето она кое што се превзема како дејствие, на крајот на денот, да овие буџетски средства бидат соодветно вратени во рамките на буџетот на оштина Штип“, истакна министерот Тошковски.
Во однос за тоа дали има приведени лица, министерот рече дека станува збор за редовна постапка, не станува збор за итна постапка каде што имаме приведување.
„Битно е дека во конкретнава ситуација имаме иницирано кривична пријава од страна на актуелен градоначалник, преку директор кој што утврдил фактичка состојба врз основа на сомненија кои што биле дадени од страна на вработен. И еве , да упат јавен апел до сите функционери кои што располагаат со буџетски средства, без оглед дали се тоа директори, градоначалници или било кој друг функционер, да превземат соодветни мерки на спречување на вакви појави и во служба на заштита на средствата на граѓаните“, повика Тошковски.