Home МАКЕДОНИЈА Трамп и Бајден слават успеси на „Супер вторникот“

Трамп и Бајден слават успеси на „Супер вторникот“

Трамп и Бајден слават успеси на „Супер вторникот“

by 88nil
пред 2 ч.

На прелиминарните избори на „Супер вторникот“, поранешниот претседател Доналд Трамп победи речиси насекаде кај Републиканците, а претседателот Џо Бајден кај Демократите. Ники Хејли постигна само еден успех против Трамп.

Џо Бајден и Доналд Трамп
Џо Бајден и Доналд ТрампФотографија: ABACA/IMAGO;AP Photo/picture alliance

На прелиминарните избори на „Супер вторникот“, и Џо Бајден и Доналд Трамп направија одлучувачки чекор поблиску до номинација за претседателски кандидат од своите партии. Според прогнозите и делумните резултати, Трамп е во предност во најмалку дванаесет од 15 американски сојузни држави, во кои се гласаше во вторникот (5.03). Тој победи во Алабама, Арканзас, Колорадо, Калифорнија, Мејн, Масачусетс, Минесота, Северна Каролина, Оклахома, Тексас, Тенеси и Вирџинија. Со тесната победа во Вермонт, неговата внатрепартиска конкурентка Ники Хејли постигна успех кој на крајот има симболичен карактер.

Трамп зборува за „фантастична вечер“

Доналд Трамп пред приврзаниците на неговиот приватен имот Мар-а-Лаго на Флорида зборуваше за „фантастична вечер“. Неговиот успех, како што рече, е без преседан: „Ова е големо“, рече Трамп. Во својот говор тој се пофали себеси на познат начин и ја пофали својата работа како претседател на САД во Белата куќа. Истовремено, тој ја повика својата партија на обединување. „Имаме одлична Републиканска партија со огромни таленти. И, сакаме единство и ќе имаме единство и тоа ќе оди многу брзо“, рече Трамп. Хејли сѐ уште не дала изјава во врска со резултатите и прашањето дали ќе се држи до нејзината кандидатура во наредните недели. Нејзината изненадувачка победа во Вермонт е само втора победа на републиканските прелиминарни избори досега. Претходно, таа победи само во Вашингтон, минатиот викенд.

Доналд Трамп
Трамп зборува за „фантастична вечер“Фотографија: Evan Vucci/AP Photo/picture alliance

Победнички поход на Бајден со еден исклучок

Кај Демократите, претседателот- Џо Бајден победи на прелиминарните избори во сите американски сојузни држави каде што се гласаше на „Супер вторникот“. Тој победи во Алабама, Арканзас, Колорадо, Калифорнија, Мејн, Масачусетс, Минесота, Северна Каролина, Оклахома, Тенеси, Тексас, Јута, Вермонт и Вирџинија. Бајден претрпе внатрепартиски пораз само во малата американска територија Американска Самоа во јужниот Пацифик. Таму 81-годишникот, кој добил 40 гласови, е поразен од главно непознатиот кандидат Џејсон Палмер, кој има 51 глас, соопшти партијата.

Џо Бајден
Бајден веќе се концентрира на борба против ТрампФотографија: Evan Vucci/AP/picture alliance

Благодарение на успесите на „Супер вторник“, Бајден веќе е блиску до потребното мнозинство делегатски гласови. Со оглед на тоа, тој веќе се концентрира на судирот со Трамп. Бајден во изјавата рече дека Трамп бил „решен да ја уништи нашата демократија“ и да ги одземе основните слободи на луѓето. Трамп „ќе направи или каже што било за да дојде на власт“. Резултатите од прелиминарните избори во вторникот ќе го стават американскиот народ пред јасен избор, рече Бајден, прашувајќи: „Дали ќе продолжиме да напредуваме или ќе дозволиме Доналд Трамп да нѐ вовлече назад во хаосот, поделеноста и темнината кои преовладуваа во неговиот мандат?“.

Идниот претседател на САД ќе биде избран на 5 ноември. Врз основа на резултатите од досегашните прелиминарни избори, многу работи укажуваат дека ќе се повтори дуелот меѓу Трамп и Бајден од 2020 година.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00