by 88nil

Нов скандал со „Бехтел и Енка“: „Санте Плус“ ќе „лекува“долж коридорот 8

Нов скандал со „Бехтел и Енка“: „Санте Плус“ ќе „лекува“долж коридорот 8

Затворањето на амбулантата на „Бехтел и Енка“ во Гостивар која ја раководи поликлиниката Санте Плус ја отвори пандорината кутија. Алфа неофицијално дознава дека овој објект е само дел од милионскиот тендер помеѓу американско-турскиот конзорциум и поликлиниката, и дека оваа зделка е многу поголема од една општа амбуланта. Неофицијално, планот е откако ќе се изгради коридорот 8 цел автопат да биде покриен со амбуланти или евентуално мини болница која исто така ќе биде на Санте. Оттаму велат дека детали од договорот не можат да откријат, но тврдат дека не би работеле на штета на било кој.

Детали од договорот не може да изнесуваме но можеме да ви потврдиме дека Санте Плус нема отворенo подружница во Гостивар, па од тука не може да биде затворено нешто што не е отворено. Оваа фама е нечија игра за која се известени надлежните институции” – велат од Санте Плус 2.

Од Санте Плус 2 тврдат дека амбулантата воопшто и не постоела, но таа очигледно работела без дозвола поради што и беше затворена минатата недела. Инспекторите на ДСЗИ утврдиле и низа неправилности во објектот кој треба да ги опслужува работниците кои го градат автопатот.

Меѓудругото, во извештајот се вели дека директорката на Санте Плус била повикана да ја достави документацијата до инспекторите, но таа не се појавила.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примарно ниво, во просторијата лоцирана на ул. Илинденска бб во Гостивар, бидејки нема Решение за дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од Министерство за здравство“, се вели во извештајот на Инспекторатот.

Од Инспекторатот информираат дека поради постоење на сомнение, на вештачење му е одземена дипломата на лекарот кој вршел медицински услуги во амбулантата и истовремено бил вработен во „Санте Плус 2“.

Овој скандал поврзан со „Бехтел и Енка“ е само еден од низата – десет месеци по „фрлањето на лопатите“, на терен нема ништо, а на сметката на кознорциумот веќе се исплатија околу 250  милиони евра народни пари, а годинава се планираат уште толку. Од овој проект што досега изеде половина милијарда евра, на терен има само две информативни табли, а јавноста на трипати виде како помпезно се најавува почетокот на реализацијата на проектот кој и натаму останува само во една дупка.

 

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00