Home МАКЕДОНИЈА Софија не додржа – Се вмеша во македонското предизборие, истовремено СДСМ со невешт обид да ја дискредитира Гордана Силјановска

Софија не додржа – Се вмеша во македонското предизборие, истовремено СДСМ со невешт обид да ја дискредитира Гордана Силјановска

Софија не додржа – Се вмеша во македонското предизборие, истовремено СДСМ со невешт обид да ја дискредитира Гордана Силјановска

by 88nil

Силјановска Давкова е лажен патриот и се фотографира со најекстремниот антимакедонист, а Пендаровски е херој што се залага за правата на македонското население во Бугарија – лажни вести и добар спин од кујната на владејачката гарнитура ги преплавијата медиумите во пресрет на претседателската трка.

На професорката Гордана Силјановка Давкова и кандидатка за шефица на државата од редовите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и извади фотографија стара 5 години на која наводно во рамки на актуелниот Конгрес на Европската народна партија во Букурешт е застаната со европратениот Андреј Ковачев од Бугарија. Вистината е дека Силјановска Давкова пред 5 години не остварила никаква средба со Ковачев, потврдуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, за разлика од неа, нејзиниот против кандидат Пендаровски денеска беше претставен како вистински херој од провладините медиуми, кој се бори за правата на македонското малцинство во Софија. Во последниот настап Пендаровски вели дека македонското малцинство 70, 80 години малтретирано и преживувало голгота во Бугарија.

Во оваа изјава на Пендаровски бугарските медиуми препознаа напад, по што следеше и реакција од бугарското министерство за надворешни работи. Побараа  Бугарија и билатералните односи да не бидат вклучени во внатрешно-политичката дебата во македонското предизборие.

Бугарија постојано поддржува конструктивен тон и се воздржува од коментари на постојаните провокации во јавниот простор на Северна Македонија. Тоа го прави со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес и средина на општествено спокојство за да може да се реализираат неопходните реформи. За жал, очигледно е дека овие напори на Бугарија не наидуваат на разбирање и не се ценат од одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како оправдување за недостигот од напредок пред своите граѓани“, се вели во соопштението на МНР на Бугарија

Но не застанаа на реакција. Македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска, била повикана и на средба во бугарското МНР. Од македонското министерство за надворешни работи, до овој момент нема реакција.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00