Home ЕКОНОМИЈА Енергетската Катастрофа на Македониа во веме на СДСМ и ДУИ

Енергетската Катастрофа на Македониа во веме на СДСМ и ДУИ

Енергетската Катастрофа на Македониа во веме на СДСМ и ДУИ

by 88nil
(Обновено) Сите три блока од РЕК „Битола“ од сношти се исклучени и моментално функционираме благодарение на струјата од увоз и хидроцентралите кои сега трошат енормни количества на вода.
Добрата вест е што барем следните 2-3 дена РЕК „Битола“ нема да произведува загуби за државниот буџет, бидејќи увозната електрична енергија, по средна цена од околу 72 евра/MWh (базен товар) е двојно поевтина од енергијата произведена во РЕК „Битола“ со грчки јаглен (најмалку 142 евра/MWh). Дури и со сопствен јаглен, поради недомаќинско работење цената достигнала просечно 110 евра/MWh. Ќе заштедат и девизи, бидејќи и за грчкиот јаглен се трошат девизи и тоа повеќе отколку за увоз на струја.
Инаку од буџетот, од пари на граѓаните се покрива разликата од 58 евра/MWh (цената по која ЕСМ им продава на ЕВН) до производствената цена со грчки јаглен или увозната цена на самата струја (142 евра/MWh, односно 72 евра/MWh). Не е исто дали се покрива загуба од 84 евра/MWh или 14 евра/MWh.
Така стојат работите кога владеат недомаќини и некомпетентни луѓе, кои не знаат да соберат два и два, а обвинителството молчејќи ги штити.
Најнови вести: 1.) Во текот на денот ќе стартувал еден блок (иако за замена на цевка обично им треба 2-3 дена). 2.) Кусокот бил надоместен „од сопствени извори“. Со други зборови, хидроцентралите прозведувале максимално. 3.) Намерно работеле со еден блок „врз основа на анализа на пазарот“. Со други збориви – увезувале, како што предложив. 4.) Но, од друга страна за една недела ќе ги стартувале сите три блока, за повторно да произведуваат загуби. Како тоа, одеднаш пазарот се сменил, па сега ќе им се исплати со три блока? Даваат противречни изјави, па не се знае кога ја зборуваат вистината, а кога лажат.
Колку чини финансиската катастрофа со увозот на грчки јаглен за потребите на РЕК Битола: недомаќинското работење низ бројки
ТВ „Телма“ во емисијата „Код“ https://telma.com.mk/…/kod-otkriva-koi-se-trite-firmi…/ штотуку ги објави количествата и износите на пари платени за увезениот јаглен од Грција, од каде ќе ја пресметаме неговата единечна цена, а потоа и цената на горивото за производство на 1 MWh електрична енергија.
Фирмата „Никопоулос“ од Битола за 160.000 t јаглен ќе наплати 11 милиони евра, односно единечната цена изнесува 68,75 евра/t.
Фирмата „Зобек мајнинг груп“ од Скопје за 288.000 t јаглен ќе наплати 20 милиони евра, односно единечната цена изнесува 69,44 евра/t.
Фирмата „Ими-коп“ од Скопје за 150.000 t јаглен ќе наплати 10 милиони евра, односно единечната цена изнесува 66,67 евра/t.
Во просек, грчкиот јаглен ќе нé чини 68,3 евра/t. Токму овие цени нашата власт ги крие како змијата нозете. Нивниот безобразлук оди дотаму, што дури тужат агенција заради пристап до јавни информации. ( https://off.net.mk/…/samo-kaj-nas-esm-tuzhi-agencija-za… ).
Долната топлинска моќ на јагленот од нашите рудници изнесува од 5,1 до 6,8 GJ/t (гигаџул врз тон). Кај грчкиот, кој потекнува од истиот, пелагониски јагленов басен, ќе ја претпоставиме најповолната вредност од 6,8 GJ/t.
Конверзиониот фактор за енергија изнесува 3,6 GJ/MWh
(1 MWh = 3600 MJ = 3,6 GJ).
Потребното количество на грчки лигнит за добивање на 1 MWh топлинска енергија изнесува:
3,6 GJ/MWh / 6,8 GJ/t = 0,53 t/MWh(t)
При коефициент на корисно дејство на РЕК Битола, со кој што топлинската енергија се претвора во електрична Eta = 0,3 MWh(e)/MWh(t), потребното количество грчки јаглен за 1 MWh електрична енергија изнесува:
0,53 t/MWh(t) / 0,3 MWh(e)/MWh(t) = 1,76 t/MWh(e).
При просечна цена на грчкиот јаглен од 68,3 евра/t, цената само на горивото за добивање на 1 MWh електрична енергија изнесува неверојатни:
1,76 t/MWh(e) * 68,3 евра/t = 120,2 евра/MWh(e) !
Под претпоставка дека со грчкиот јаглен ќе користиме само 3 kg/MWh(e) мазут, чија цена изнесува 0,7 евра/kg (според gorivo.mk), за мазут ќе биде потребно уште 2,1 евра/MWh(e). Инаку, со полошиот домашен јаглен користат мазут до 18 kg/MWh, односно до 12,6 евра/MWh!
Оперативните трошоци (за плати на вработените во електраната, како и за одржување), ќе ги усвоиме на минимално ниво од само 20 евра/MWh(e), иако реално се поголеми.
Така доаѓаме до минималната производствена цена на електричната енергија од РЕК Битола од грчкиот јаглен од најмалку:
120,2+2,1+20 = 142,3 евра/MWh(e) !
Ако споредиме со цените на берзата за електрична енергија ( https://hupx.hu/en/market-data/dam/weekly-data ), кадешто во последната недела од февруари просечната цена (базен товар) изнесувала 67,94 евра/MWh, односно 72 евра/MWh со вклучена 6% мрежарина, заклучуваме дека производствената цена на електричната енергија од РЕК Битола е двојно повисока од цената на увезената електрична енергија.
На секој произведен 1 MWh електрична енергија во просек сме правеле непотребна загуба од 142,3-72 = 70,3 евра/MWh. Доколку само една четвртина од дневното производство се врши со грчки јаглен, за 24 часа нашата непотребна загуба, само по основ на увоз на грчки јаглен од трите блока на РЕК Битола, од кој секој има просечна моќност од 180 MW изнесува:
1/4 * 3 * 180 MW *24 h/ден * 70,3 евра/MWh = 227.750 евра/ден,
односно 6,83 милиони евра месечно или 82 милиони евра годишно.
Да подвлечеме уште еднаш, ова е чиста загуба поради работењето со скап, грчки јаглен, во однос на варијантата со увоз на електрична енергија. Оваа едногодишна произведена загуба изнесува точно 60% од цената за изградба на една нова гасна централа од 140 MW, од рангот на контроверзната централа на „Митилинеос“. Ако не се произведува само 1,5 година со скапиот грчки јаглен, а во меѓувреме се увезува струја, од заштедените пари без Митилинеос би ја изградиле гасната централа и тоа без едно евро кредит! Наместо тоа, домашните предавници (во вистинска смисла на зборот!) нé предаваат во грчко енергетско ропство – како со увозот на јаглен, така и со гасната централа на Митилинеос.
Немале пари за градба на гасна централа, а имаат за увоз на скап јаглен преку приватни компании, за да произведуваат загуби, што ги плаќа државата преку субвенционирање на половина од цената на електричната енергија. Населението е задоволно, тие што се богатат од увозот се задоволни, а крајната сметка ја плаќа буџетот на Македонија, односно индиректно сите граѓани. Накратко кажано, РЕК Битола им треба само за да прелеваат државни, односно народни пари во приватни џебови. Не постои никаква економска логика или оправдување за оваа пропаст да продолжи понатаму.
Ова не значи дека РЕК Битола треба да се затвори, туку напротив – треба домаќински да започне да работи домаќински.
Грчкиот јаглен засега учествува со помалку од 1/4 во вкупното производство, поради што вкупната цена на сето производство од РЕК Битола е малку пониска, но сепак изнесува околу 110 евра/MWh (според Бислимовски), што е премногу. Не толку одамна, во 2022 година, таа изнесувала 58-60 евра/MWh ( https://nezavisen.mk/rek-bitola-ne-se-predava-ima-jaglen…/ ). Токму поради комбинирањето на домашниот и увозниот јаглен е многу тешко да се открие измамата. Цената претставува комбинација од цените на евтиниот домашен и скапиот увозен јаглен, но цената од увозниот е како што видовме претходно, најмалку 140 евра/MWh, што мора итно да престане.
Доколку ископуваме само домашен јаглен, што е можно доколку се вратат вистинските, чесни раководни лица во рудникот, сменети заради оправдување на потребата за увоз на скап јаглен, ситуацијата би била значително подобра, како што читаме од погорната изјава на поранешниот директор на ЕСМ од 2022 година. Самиот Ковачевски кажува дека цената на увезениот јаглен е 5-6 пати повисока од цената на домашниот.
Се разбира, најекономичното и најправилно решение би било во рудниците на РЕК Битола исклучиво да се ископува со сопствена механизација и со сопствени работници, но дури и со ангажирање на приватни компании, ситуацијата би била многу подобра отколку да се увезува јаглен од Грција и Албанија.
Врз основа на податоците од ЕСЈН ( https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx… ) за тендерот за ископ на јаглен и јаловина од септември 2023 година, што го добил „Марковски ДООЕЛ“ Битола, просечната цена на ископаниот и гранулиран јаглен во самиот рудник изнесува 15 евра/t. Вклучувајќи го транспортот од рудникот „Брод-Гнеотино“ до електраната, цената не би требало да надмине 20-25 евра/t, што сé уште е 3-3,5 пати поевтино отколку цената на увезениот јаглен. Пред само две години, со сопствена механизација цената на ископот изнесувала само 11 евра/t, односно 6 пати помалку отколку од увоз.
Да заклучиме. Преку РЕК Битола во државата се случува епски грабеж предизвикан од недомаќинско работење, што не се истражува од страна на ОЈО. Очигледно државниот јавен обвинител не знае за криминалот или пак не дозволува да започне истрагата, за да може оваа измама непречено да се одвива. Доколку не знаел или нешто не му е јасно, нека праша и ќе му ги кажеме бројките, до кои што можел да дојде и самиот, со анализа на јавно достапните податоци.
Самото вклучување и работење на РЕК Битола со увозен лигнит, во услови на двојно поевтина увозна електрична енергија претставува економски криминал. Најмалку што може да се стори е електраната да сопре со работа, а сé до расчистувањето на случајот и отпочнувањето со сопствено домаќинско ископување – да се увезува поевтина електрична енергија. Увозот на грчки јаглен мора да запре веднаш!
Што се однесува до раководството на РЕК Битола, не знам како имаат лице да критикуваат некого „кој никогаш не работел во РЕК Битола“, а кој само ги изнесува фактите, додека тие самите работаат максимално недомаќински.
Нека не се чудат отпосле што првата задача на идната власт ќе биде расчистување на овој криминал и сместување на виновниците зад решетки. Има изобилство на инкриминирачки материјал, а трагите не можат да се избришат.
Другови, долази време ќорке. У ќорку ќе да се иде као што се сада иде у кафану. https://www.youtube.com/watch?v=07lHJt6xygE
Пишува:Поф. Др

Дејан Трајковски

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00