Home МАКЕДОНИЈА Извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат, бараат граѓаните

Извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат, бараат граѓаните

Извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат, бараат граѓаните

by 88nil

Група граѓани на мирен протест пред Министерството за правда, му доставија писмени барања на министерот Кренар Лога, за примена на измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови.

Според нив, не се применуваат измените во конкретниот закон од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето долгови и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и објавени во „Службен весник“ пред повеќе од седум месеци, како и покрај потврдата за уставноста на законот од Уставниот суд во јануари 2024 и одлуката на Законодавно-правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот.

„Уставниот суд застана на наша страна, народниот правобранител застана на наша страна. Само вие, извршната власт, не сте на наша страна. Законот е дециден, 10 години од извршна исправа секаде во светот застарува“, изјави Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“.

Од здруженијата „Човекот над профитот“, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР бараат во рок од осум дена овие барања да се процесираат и да им се нареди на извршителите предметите да почнат да застаруваат.

На ова реагираа и од Министерството за правда.

„Министерството за правда нема законски надлежности да дава автентично толкување на законските норми, што е во исклучива надлежност на Собранието на Република Северна Македонија. Министерството за правда информира дека исклучива надлежност за постапување по основа на застареност на предмет кај извршител има судот во соодветна постапка. Правниот институт – застарувањето, роковите, прекинот и начинот на утврдување се регулирани со многубројни одредби од Законот за облигационите односи (член 349-382 ) и тој не се применува автоматски, туку се утврдува во судска постапка на предлог на должникот.Извршителот е должен да постапува по барањето на доверителот и притоа не е овластен да носи никакви процедурални одлуки во однос на текот на извршувањето, што е во исклучива надлежност на судот“, се истакнува во реакцијата од Министерството.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00