Home БИТОЛА Крахираше РЕК Битола

Крахираше РЕК Битола

Крахираше РЕК Битола

by 88nil

Дефект, намерно искучување заради увоз или недомаќинско работење. Што е причината што РЕК Битола од синоќа не произведува струја? Од ЕСМ компанијата која раководи со најголемата електрана во земјава, велат дека ноќеска пукнала цевка на единствениот блок кој бил во функција, но дека до крајот на денот, дефектот ќе биде саниран.

Дел од експертите се сомневаат во ова. Професорот на битолскиот технички факултет Дејан Трајковски на својот фејсбук профил тврди дека откако сите три блока од РЕК „Битола“ од синоќа не работат, земјава функционира со увозна струја.

„Добрата вест е што барем следните два-три дена РЕК „Битола“ нема да произведува загуби за државниот буџет, бидејќи увозната електрична енергија, по средна цена од околу 72 евра за мегават час (базен товар) е двојно поевтина од енергијата произведена во РЕК Битола со грчки јаглен (најмалку 142 евра за мегават час). Дури и со сопствен јаглен, поради недомаќинско работење цената достигнала просечно 110 евра. Ќе заштедат и девизи, бидејќи и за грчкиот јаглен се трошат девизи и тоа повеќе отколку за увоз на струја.“ – велат од ЕСМ.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го обвини раководството на РЕК Битола за недомаќинско работење и криминал. Според него, досега не се случило во пролет РЕК Битола да не работи со сите три блока.

Од ЕСМ признаваат дека во изминатиот период имало увоз на струја на сметка на домашното производство. Нивните анализи на пазарот на електрична енергија покажале дека со поволните цени по кои ја купиле струјата, на компанијата и овозможиле намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа РЕК Битола планирано работеше само со еден блок, велат од ЕСМ. Сепак, како шпекулации ги оценија наводите дека струја се купувала за да се надомести неработењето на третиот блок.

– Електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја и не е направен дебаланс на системот како што се шпекулира. Веднаш се започнати пуштачки операции за враќање на еден од блоковите на мрежа и денес во попладневните часови се очекува истиот да биде приклучен. – велат од ЕСМ.

Производната цена на струјата од РЕК Битола станува се поскапа оти домашниот јаглен е при крај и е ниско калоричен, па затоа мора да се увезува. Според планот за енергетска транзиција, до 2040-тата најголемиот енергетски капацитет кај нас треба да го замени јагленот и да стане централа на природен гас.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00