Со завршни зборови на адвокатот Тони Менкиноски во охридскиот Основен Суд заврши процесот покренат против него за истакнување на знамето Сонцето од Кутлеш лани, на празникот Водици во Охрид, кај „Долна Порта“.
Ослободителна пресуда е донесена за адвокатот Тони Менкиноски кој беше обвинет за нарушување на јавниот мир и ред на празникот Водици, откако го развиори знамето со шеснаесетзрачното сонце во Охрид. И денеска на судењето Менкиноски истакна дека не се чуствува за виновен бидејќи тоа не е спротивно на ниту еден меѓународен договор, ниту закон и подвлече дека сите оние во кои веруваат во македонската кауза ќе се потрудат да го вратат ова знаме како државен симбол на Македонија.
Ослободителна пресуда, поради недостаток на аргументи е донесена и за охриѓанецот Александар Ѓурчев кој истакнал големо знаме со сонцето од Кутлеш на плоштадот кај Горна Порта во Охрид.