Home ПОЛИТИКА ВО ТУРЦИЈА Е ЗАВРШЕН СУДСКИОТ ДЕЛ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ПАЛЕВСКИ, ОСТАНУВА САМО АДМИНИСТРАТИВНИОТ, КАЖА МИНИСТЕРОТ ЛОГА

ВО ТУРЦИЈА Е ЗАВРШЕН СУДСКИОТ ДЕЛ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ПАЛЕВСКИ, ОСТАНУВА САМО АДМИНИСТРАТИВНИОТ, КАЖА МИНИСТЕРОТ ЛОГА

ВО ТУРЦИЈА Е ЗАВРШЕН СУДСКИОТ ДЕЛ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ПАЛЕВСКИ, ОСТАНУВА САМО АДМИНИСТРАТИВНИОТ, КАЖА МИНИСТЕРОТ ЛОГА

by 88nil

ВО ТУРЦИЈА Е ЗАВРШЕН СУДСКИОТ ДЕЛ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ПАЛЕВСКИ, ОСТАНУВА САМО АДМИНИСТРАТИВНИОТ, КАЖА МИНИСТЕРОТ ЛОГАМинистерот Лога рече и дека од турска страна им бил кажан рок за испорака на Палевски. (Фото: СДК.МК)

Министерот за правда Кренар Лога очекува брзо да се случи екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој вели дека од турските власти му било кажано дека кај е нив е завршен судскиот дел и останува само административниот дел.

„При нашата официјална посета во Турција, ни беше кажано дека судскиот дел кај нив е завршен и останува само административниот дел. Според нивните правила, мора првин нивното МНР да потпише, па потоа и министерот за правда. Очекувам за брзо да биде тоа, бидејќи така беа и зборовите на мојот колега од Турција. Ни дадоа некој рок, како и да е, јас не сакам да кажувам такви детали, бидејќи таа работа зависи од нив, а не од нас“, рече Лога, одговарајќи на новинарско прашање на конференција по повод 60-годишнината од Уставниот суд.

Палевски беше уапсен од турската полиција како се движи пешки по автопат во Беликесир на 5 декември. Во Турција стигнал преку Бугарија, од Србија, каде што првично избегал на 30 ноември, три дена по киднапирањето и убиството на Ѓорчевска.

Во притвор во Скопје се уште четворица осомничени за киднапирањето и убиството, вклучувајќи го и таткото на Ѓорчевска и тројца соработници на Палевски.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00