Home СВЕТ Русите гласаат на избори чиј исход е однапред познат

Русите гласаат на избори чиј исход е однапред познат

Русите гласаат на избори чиј исход е однапред познат

by 88nil

Гласачко место во Новосибирск, 15 март 2024 година

Русите почнаа да гласаат на првиот ден од тридневните претседателски избори на кои се очекува да победи претседателот Владимир Путин, и да го продолжи неговото владеење за уште шест години. На сите сериозни противници им беше забрането да се кандидираат против него во услови на бруталното задушување на неистомислениците и независните медиуми.

Отворено е првото избирачко место на далечниот исток на Русија. Како што одминува денот, гласачите ќе го дадат својот глас на речиси 100 000 избирачки места низ 11 временски зони во земјата, како и во регионите на Украина кои Москва незаконски ги анектираше.

Украина и западните влади ја осудија Русија за одржувањето на избори во тие украински региони, нарекувајќи го нелегално.

Пет поенти за претседателските избори во Русија

Гласањето на овие избори, кое не се очекува да биде слободно и фер, е прво откако Путин ја започна својата целосна инвазија на соседна Украина во февруари 2022 година.

Путин (71), кој беше претседател или премиер речиси 25 години, се кандидира против тројца политичари, лидерот на Либерално-демократската партија Леонид Слуцки, заменик-претседателот на Државната дума Владислав Даванков од партијата Нови луѓе и пратеникот на Државната дума Николај Харитонов од Комунистичката партија, чии политички позиции малку се разликуваат од позициите на Путин.

Борис Надеждин, 60-годишен антивоен политичар, беше одбиен да учествува на изборите од Руската Централна изборна комисија (ЦИК) поради, како што наведоа, неважечки потписи за поддршка на неговата аликација биде регистриран како кандидат. Тој се жалеше, но одлуката на ЦИК беше потврдена од Врховниот суд на Русија.

Резултатите се очекува да бидат објавени на 18 март.

Исходот, со непријателите на Путин во затвор, во егзил или мртви, не е доведен во прашање. Во истражувањето спроведено од VTSIOM News на почетокот на март, 75 отсто од граѓаните кои имаа намера да гласаат изјавија дека ќе го дадат својот глас за Путин, поранешен офицер за надворешно разузнавање на КГБ.

Безмилосното задушување на независните медиуми и групите за човекови права започна пред да започне инвазијата на Украина во февруари 2022 година, но оттогаш таа е засилена.

Речиси точно еден месец пред отворањето на гласачките места, најгласниот критичар на Путин, опозицискиот политичар Алексеј Навални, почина во изолиран затвор на Арктикот под сомнителни околности додека отслужуваше казни за политички мотивирани случаи.

 

 

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00