Home ПОЛИТИКА Преку евтин етнонационализам, ДУИ сака да сокрие дека е долар партија

Преку евтин етнонационализам, ДУИ сака да сокрие дека е долар партија

Преку евтин етнонационализам, ДУИ сака да сокрие дека е долар партија

by 88nil

Во декември се прави пресек на вработените во администрацијата и бројката тука е иста како изминатите години, дури и намалена за 200-300 луѓе. Но, во јануари почнуваат процеси на вработување на 2700 луѓе, со што е јасно дека бројот на администрацијата расте, а не опаѓа. Ова се случува на еден незаконит начин, преку информација на Влада, се задолжуваат институциите во најкус рок, да дадат исклучиво позитивно мислење за вработување, на луѓе кои што биле на било каков начин ангажирани, изјави дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, на гостување на емисијата „За или против“ на Алфа ТВ.

Андоновски констатираше дека кога ја преземал функцијата заменик министер на МИОА, затекнал една хистерија во министерството и трка со времето, за до 14 февруари да се завршат овие вработувања, за да можат да се уценат сите тие 2700 луѓе да донесат по 10 луѓе да гласаат за нив.

Андоновски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има поразличен пристап, од овој што беше до сега на моменталната власт. Беше дециден дека ќе има одговорност за луѓето кои што направиле кривично дело или дисциплински престап во институциите. ВМРО-ДПМНЕ нема да навлезе во политички реваншизам кон вработените кои што се поддржувачи на другите партии, како што правеше своевремено Зоран Заев.

Андоновски го коментираше апсурдниот аспект на употребата на балансерот при вработувањата.

-Имаме намалување на процентот на Македонци вработени во јавната администрација за 5% и зголемување на процентот на сите останати. Бројот на Македонци се намалил за околу 5000 луѓе, а во исто време сите останати пораснале над процентот кој што го дозволува цензусот. Во министерството за политички систем, 95% од вработените се Албанци, а помалку од 1% се Македонци, истакна Андоновски.

-Балансерот треба да замине во историјата, тоа е мој и став на партијата, и е интересно дека ова поттикна етнонационална хистерија кај Бујар Османи. Од зелена партија кон партија која што фрла анатеми кон ВМРО-ДПМНЕ, дека е против Албанците и другите етнички заедници, и тоа го прави на најбрутален можен начин, додека блиски луѓе до Османи и ДУИ се богатат на сметка на сите луѓе во нашата држава.

-Бујар Османи и самиот сакаше да го изигра балансерот. Ова ДУИ не го прави затоа што е зелена партија, не го прави затоа што е партија на Албанците, Турците, Бошњаците и другите. Ова го прават затоа што е долар партија. Ова е партија која што единствено ја интересираат финансиите. Со секое место кое што е предвидено за Албанец во институција која што ја раководи ДУИ, е место за ДУИ, кое што ДУИ го трампа за пари или за гласови за изборите. На избори не одат со програма и ветувања за граѓаните, туку со список со луѓе кои што ги вработиле изминатиов период, со нивните семејства од кои што бараат гласови, подвлече Андоновски.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00