8
Постигнат историски договор за платите на здравствените работници
Денеска остварив средба со Синдикатот за здравство. Навистина можам да изразам големо задоволство од името на македонската Влада за овој историски момент, бидејќи за прв пат на долг рок се постигнува договор кога станува збор за зголемување процентуално на паричната маса која што е потребна за да се исплаќаат платите на здравствените работници.
Благодарност до синдикалните организации и синдикатите кои што навистина конструктивно со свои идеи учествуваа во овој цел процес, заедно со Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување.
Вработените во здравството добиваат покачување на платите од до проценти во следните четири години!