Дозволата од американскиот претседател Џо Бајден, Киев да гаѓа длабоко во руска територија со американски ракети со долг дострел, ги става во опасност животите на сите Американци, вели американскиот новинар Такер Карлсон.
-Претседателот во заминување, Џо Бајден, штотуку започна војна со најопасната земја во светот. Сите сме многу блиску до смртта. Сепак, некако републиканскиот претседател на Претставничкиот дом не го ни спомна, на јавни или на лидерски средби. Што се случува? – праша тој на Икс.
Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната ако САД ја прекинат поддршката
Ако САД престанат да го поддржуваат Киев, Украина ќе ја загуби војната против Русија, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека, иако Украина има сопствено производство на оружје, тоа не е доволно и дека Киев ќе продолжи да се бори без оглед на одлуката на САД.