by 88nil

Обвителството отвори истрага против Гани Туша- осомничен е дека го извршил убиството на Орхан Бајрами во Ханиоти

Обвинителството отвори истрага за убиството на Орхан Бајрами Оки на Ханиоти на 15 јули, минатата година, а осомничен е Гани Марку. Тој освен за убиство се сомничи и за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи. Оки е познат во јавноста како еден од лидерите на кримуналната група Дуќанџик/Грчец.

“Осомничениот 33-годишник, на 15 јули 2023 година, во Ханиоти, Република Грција, заедно со уште едно засега непознато лице, со умисла го лишиле од живот сега покојниот Орхан Бајрами, а ги довеле во опасност и животите на уште четири лица”, информираат од ОЈО

Според обвинителството, Марку заедно со неговиот соизвршител маскирани пристигнале во туристичкиот комплекс каде била сместен Бајрами и се приближиле до отворената задна балконска врата.

Марку со пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм со пригушувач испукал 11 куршуми, а неговиот соучесник со пиштол од ист калибар уште 8 куршуми во правец кон оштетените. Од куршумите, три завршиле во телото на Бајрами нанесувајќи му смртоносни повреди.

Марку е припадник на групата Барон која е во блиски врски со Беланоца и тие се во војна со групата Дуќанџик/Грчец за превласт на скопскиот нарко пазар. КОД објави и неколку истражувања и за пресметките на скопските нарко банди.

Гани Марку, се презивал Туша пред да го смени презимето, повратник е од Сирија каде се борел во редовите на терористичката „Ал Нусра“ и е осомничен и за ликвидацијата на Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеинов-Љаци, во „Шиша бар“. Кривањева беше еден од најблиските соработници на Бајрами и високо во хиерархијата на криминалната група Дуќанџик/Грчец.

Инаку Марку извршуваше казна за друго кривично дело. Во меѓувреме Апелација случајот го врати на повторно судење.

Во февруари годинава беше убиен неговиот татко Зељкиф Туша. Неговото тело беше пронајдено во скопското село Блаце од страна на неговиот друг син Насер Туша кој е вработен во МВР, во интервентната полиција.

Грчките истражни органи имале издадено налог за апсење на Туша, како и Европски налог за апсење и меѓународна потерница. Со оглед на тоа што станува збор за македонски државјанин за кого не постои можност за екстрадиција, грчките власти го отстапиле кривичното гонење на скопското обвинителство.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00