Прифатливо е секое решение кое ќе даде гаранции за евроинтеграциите на Македонија – не е битна формата, туку суштината. Ова е одговорот на министерот Муртезани, откако, претставници од Брисел, порачаа, дека уставните измени со одложено дејство се неприфатливи како и промена на преговарачката рамка.
Муртезани вели дека владата знаела дека рамката потпишана во Брисел не може да се смени, а се инсистира на дебилатерализација на процесот.
– Секое решение, кое ќе сметаме дека го обезбедува процесот на пристапување, на земјата во ЕУ, за нас ќе биде прифатливо. Тие решенија, што значат точно, кои се техникалиите, формулациите итн, тоа останува да се решава низ процесот на преговори, меѓутоа нашата позиција е да се заштитиме од понатамошни блокади. Дали ќе бидат гаранциите од страна на соседна Бугарија, од некоја институција или ние тоа ќе го направиме билатерално, не е битна формата туку суштината. Ние како влада и како земја да бидеме сигурни дека овој процес ќе заврши.
За пораките од ЕУ, дека македонската влада не треба да чека политичка влада во Бугарија, туку интензивно да разговара за деблокада на европскиот процес, Муртезани изјави дека е заинтересиран да ја посети официјална Софија, но смета дека е подобро да се причека, да се исцрпат сите можности. Смета дека имплементација на пресудите од Стразбур е мал чекор кој Бугарија може да го направи, но не е доволен за договор со Скопје. – Орхан Муртезани министер за европски прашања.
За експертите, пак, тешко е дека може да има сценарио во кое ЕК би се согласила на уставни измени со одложен ефект, а за гаранциите, кои ги бара владата, велат…
– Тешко ми е да го видам тоа, особено некакви правни гаранции, ако говориме во тој контекст, мислам дека говориме за некакви политички дискусии, кои допрва ќе се материјализираат. Веројтно единствениот актер кој што таму е стабилен е претседателот Радев, штио креира допшолнителни прашања, меѓутоа постои оваа дискусија дека во позадината се работи со Бугарија. – Симонида Кацарска ЕПИ.
Уставни измени – ништо помалку и ништо повеќе, порача Марта Кос, веднаш откако доби зелено светло од Европарламентот од Стразбур, за нов еврокомесар за проширување. Изјави дека не е личноста која може да даде гаранции дека Бугарија нема понатаму да ја блокира Макеоднија.
Од Брисел и Стразбур, брифираа дека Франција и Германија интензивно работат на деблокада. Порачаа дека Унијата работи на креативно решение, кое ќе биде дел од веќе постоечката преговарачката рамка.