Поранешниот директор на „Електрани на Македонија“ (ЕСМ), Васко Стефанов, кој беше еден од осомничените во денешната акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), е приведен откако подолго време беше надвор од дофат на истражните органи.
Во меѓувреме, недостапен останува и неговиот претходник, Васко Ковачевски, за кој се претпоставува дека се наоѓа во земја членка на Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека Ковачевски не е во земјава и изрази очекување тој наскоро да биде пронајден и вратен.
Акцијата, која ја спроведува МВР во соработка со ОЈО ГОКК, е дел од поширока истрага за сомненија поврзани со организиран криминал и корупција во рамките на ЕСМ.