198

Премиерот Христијан Мицкоски денес ќе се сретне со претседателот на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемаил.
Според информациите од владината служба за односи со јавноста, по состанокот, двајцата ќе потпишат Меморандум за разбирање во Церемонијалната сала на Владата.
По завршувањето на настанот во Церемонијалната сала, премиерот Мицкоски и претседателот на „Казанџи Холдинг АС“, Џемил, ќе одржат прес-конференција за медиумите во Медија центарот на Владата.