Home МАКЕДОНИЈА Македонските граѓани лани должеле 3,97 милијарди евра на македонските банки

Македонските граѓани лани должеле 3,97 милијарди евра на македонските банки

Македонските граѓани лани должеле 3,97 милијарди евра на македонските банки

by 88nil

Според податоците објавени од Народната банка за банкарскиот сектор за 2023 година, македонските граѓани должат 244 милијарди 790 милиони денари или 3,97 милијарди евра на македонските банки или за 14,6 милијарди денари повеќе во однос на 2022 година.

Најголемиот износ македонските граѓани го должат по основ на потрошувачки кредити 122 милијарди 700 милиони денари или 1,99 милијарди евра.

Потоа следуваат станбените кредити со износ од 83,17 милијарди денари или околу 1,35 милијарди евра.

За реновирање на деловен простор должат 1,03 милијарди денари.

Износот на автомобилските кредити е 403 милиони денари.

За кредити по други основи граѓаните должат 3,33 милијарди денари.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00