Home МАКЕДОНИЈА ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА ДА ПРОДОЛЖИ ВРЗ ОСНОВА НА ФАКТИ И ОБВРСКАТА МАКЕДОНИЈА ДА ИМА ПЕРСПЕКТИВА ВО ЕУ, ВЕЛИ ЕСКОБАР

ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА ДА ПРОДОЛЖИ ВРЗ ОСНОВА НА ФАКТИ И ОБВРСКАТА МАКЕДОНИЈА ДА ИМА ПЕРСПЕКТИВА ВО ЕУ, ВЕЛИ ЕСКОБАР

ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА ДА ПРОДОЛЖИ ВРЗ ОСНОВА НА ФАКТИ И ОБВРСКАТА МАКЕДОНИЈА ДА ИМА ПЕРСПЕКТИВА ВО ЕУ, ВЕЛИ ЕСКОБАР

by 88nil

ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА ДА ПРОДОЛЖИ ВРЗ ОСНОВА НА ФАКТИ И ОБВРСКАТА МАКЕДОНИЈА ДА ИМА ПЕРСПЕКТИВА ВО ЕУ, ВЕЛИ ЕСКОБАРВо врска со претстојните избори во Македонија, Ескобар кажа дека САД очекуваат и владата што ќе дојде по изборите да биде посветена на НАТО, ЕУ и борбата против корупцијата. (Фото: СДК.МК)

Американскиот заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западниот Балкан Габриел Ескобар вели дека САД се залагаат за продолжување на дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија базиран на факти, како и на обврската дека Северна Македонија и натаму ќе има перспектива во ЕУ.

„Добивме уверување од Бугарија дека тие сакаат Северна Македонија да биде членка на ЕУ. Треба да ја искористиме предноста на овие можности, бидејќи Северна Македонија треба да биде рамноправен кандидат за членство во ЕУ“, кажа Ескобар денеска на онлајн брифинг со новинарите пред неговата посета на Приштина, Виена и Подгорица.

Во врска со претстојните избори во Македонија, Ескобар кажа дека САД очекуваат и владата што ќе дојде по изборите да биде посветена на НАТО, ЕУ и борбата против корупцијата.

„Претходната Влада беше посветена на членство во НАТО и на пристапувањето во ЕУ и нашите очекувања се владата што ќе дојде по изборите да биде слично посветена на членството во НАТО, пристапувањето во ЕУ и на борбата против корупцијата“, изјави Ескобар.

Истовремено, САД го поддржаа пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија со нова резолуција во Сенатот, спонзорирана од демократските сенатори Питер Велч и Џин Шахин и републиканските сенатори Пит Рикетс и Том Тилис.

Во предложената резолуција, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00