Home ЕКОНОМИЈА Имало ли скапи мобилни во запленетото возило тешко над еден тон?

Имало ли скапи мобилни во запленетото возило тешко над еден тон?

Имало ли скапи мобилни во запленетото возило тешко над еден тон?

by 88nil

Се сомневале во дрога, но пронашле други неправилности во увезена роба. Царината не открива дали во возилото кое вчера вонредно го царинеле се превезувале луксузни мобилни телефони. Денеска тврдат дека не можат да кажат дали се точни информациите дека со возилото се пренесувале над пет илјади телефони.

„Заради истрагата не можам ништо да ви кажам. Не можеме да шпекулираме за тоа што е. Прегледот се уште трае, инспекторите се на терен, имаме побарано асистенција од крим полиција, известен е јавниот обвинител и навистина не би шпекулирале понатаму“ – Горан Ѓоргиевски, главен инспектор во Службата мобилни тимови

Возилото со товар од над еден тон по влез во земјава ја поминало контролата во царинската испостава Аеродром, но по кратко време, заради сомнежи дека во робата е сокриена дрога, возилото било запрено на патот од Петровец кон Скопје. Овојпат, проверката ја правел специјалн тим и царинско куче.

„По завршување на прегледот од страна на царинскиот пес и констатирање дека нема никакви наркотични средства, инспекторите од контрола и истраги продолжуваат со преглед на товарното комбе и притоа во оцаринетата стока утврдуваат некои неправилности, но поради тоа што станало доцна, возилото е пломбирано“ – Горан Ѓоргиевски, главен инспектор во Службата мобилни тимови

Неофицијално, во јавноста се шпекулира дека во возилото се превезувале илјадници телефони кои вредат над 5 милиони евра.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00