75
„Не еден, не два пакети, туку пакети со тежина од 1.200 кг полни со скапи телефони се прошверцувании преку македонската царина со која раководи потпретседателот на СДС, Стефан Богоев.
Според едноставни математики телефоните кои се прошверцувани преку царината на Богоев можат да бидат во вредност од над половина милион евра.
Богоев да каже дали знаел за шверцот на телефони и кој го дозволил? Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Пред два дена комбе полно со скапи телефони било фатено на автопатот Петровец – Скопје откако веќе ја поминало Царината која евидентирала дека истото превезува друга стока, а не телефони.