Овој Мерцедес е светски рекордер за енергетска ефикасност на четири тркала.
Ако зборуваме за класични автомобили, концептот Mercedes Vision EQXX нема вистинска конкуренција. Возејќи исклучиво на струја, овој автомобил може да се движи со просечна потрошувачка од 7,4 kWh, или претворен во енергетски потенцијал на бензин, само 0,9 l/100 km.
Оваа потрошувачка ја постигнал на патот од Ријад до Дубаи долг 1010 километри. Возејќи низ пустина со просечна температура на околината од 34 степени Целзиусови, прототипот на крстосувачот на Мерцедес даденото растојание го поминал за 12 часа и 45 минути, со просечна брзина од 79,4 км/ч.
Тргнал со полна батерија со капацитет од 100 kWh, а во Дубаи пристигнал со 309 километри расположлив домет. Да речеме дека автомобилот на патот користел и сончева енергија. 117 ќелии успеале да произведат 1,8 kWh електрична енергија, што го зголемил досегот за 24 km.
Vision EQXX досега има поминато речиси 25.000 тест километри и послужил како примерок од технологии кои веќе се инсталираат во сериски модели или наскоро ќе бидат имплементирани.