Home СВЕТ Шпионот на Путин: Французите ќе испратат 2.000 војници во Украина, тие ќе бидат нашата главна цел

Шпионот на Путин: Французите ќе испратат 2.000 војници во Украина, тие ќе бидат нашата главна цел

Шпионот на Путин: Французите ќе испратат 2.000 војници во Украина, тие ќе бидат нашата главна цел

by 88nil

Русија има информации дека Франција се подготвува да испрати воен контингент од 2.000 војници во Украина, изјави директорот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин, пренесува државната новинска агенција Тасс.

„Сегашното раководство на Франција не се грижи за смртта на обичните Французи или за загриженоста на генералите. Според информациите добиени од руската надворешна разузнавачка служба, веќе се во тек подготовките за испраќање контингент. Првично во него ќе има околу 2.000 војници“, рече Наришкин.

Според него, француската армија „стравува дека толку голема воена единица не може незабележано да биде префрлена и стационирана во Украина“.

„Така, ќе стане легитимна приоритетна цел за напади на руските вооружени сили. Тоа значи дека ќе ја доживее судбината на сите Французи кои некогаш дошле во рускиот свет со меч“, најави тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатиот месец одби да ја отфрли идејата за испраќање европски трупи во Украина, иако предупреди дека „не е постигнат консензус“ меѓу сојузниците. „Ништо не треба да се отфрли. Ќе направиме се што треба Русија да не победи“, рече тој.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска истакна дека испраќањето копнени трупи во Украина ќе предизвика ескалација „што треба да се избегне по секоја цена“. Официјален претставник на Белата куќа рече дека Соединетите држави не планираат да испраќаат војници да се борат во Украина, како и дека исто така нема планови за испраќање војници на НАТО.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00