Home ПОЛИТИКА Партиските економски програми на „увид“ кај стопанските комори

Партиските економски програми на „увид“ кај стопанските комори

Партиските економски програми на „увид“ кај стопанските комори

by 88nil

Намалени даноци, борба против корупцијата и сивата економија, реализација на капитални инвестиции, намалување на парафискалните и административните давачки за компаниите, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја претстави економската програма на претседателот на Стопанската Комора Бранко Азески. Мицкоски најави дека детално ќе ја прочешла сета докумнетација за работењето на Управат за јавни приходи, Фондот за иновации и останати државни институции за кои вели имаат информации дека таму незаконски се потрошени милионски суми на народни пари.

„Рамниот данок од 10 проценти планираме да се намалува во иднина се разбира до осум проценти тоа сме го кажале. Првата мерка, нема да правиме поврат на компании на данокот на додадена вредност со лажни царински декларации кои се мултимилионски. Второ ќе почнеме каде се променува фискализацијата после толку вереме а каде не се применува“, вели Христијан Мицкоски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Бизнисот е на став дека досега многу пати од политичарите бил излажан. Велат дека повторно нема да дозволат предизборно да бидат изманипулирани и искористени. Стопанствениците се децидни дека по изборите економијата мора да биде приоритет на идната влада, кој и да ја составува.

„Човек ако еднаш го излажеш, два пати го излажеш глупав е. Ниe создаваме профит ние ја сакаме сопствената држава и не сакаме да бидеме глупави. И не можеме да бидеме глупави ако ја сакаме соспствената држава. Ние сакаме да ја поддржиме секоја влада што си ја сака државата, и што ги почитува своите граѓани и бизнисот“, вели Бранко Азески претседател на Стопанска комора.

А денеска и економските министери од редовите на ДУИ имаа средба со бизнисмените од Стопанската комора на северозападна Македонија. И тие на стопанствениците им ветуваа подобрување на бизнис климата, модернизација  на патната инфраструктура, поддршка за вработување на младите луѓе. Пред една недела на конгресот на СДСМ владеачката партија најави дека во следните четири години планира просечната плата да ја зголеми на 1100 евра, а минималецот да достигне 600 евра. Сите овие ветувања од страна на политичарите се во време кога македонската економија е на дното во регионот по остварениот раст на Бруто Домашниот Производ кој е еднаков на статистичка грешка, односно тој изнесува 0,9 отсто во последниот квартал лани.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00