Home МАКЕДОНИЈА Работна група формирана од Министерството за дигитална транформација ќе изработи закон за интернет безбедност

Работна група формирана од Министерството за дигитална транформација ќе изработи закон за интернет безбедност

Работна група формирана од Министерството за дигитална транформација ќе изработи закон за интернет безбедност

by 88nil
Работна група формирана од Министерството за дигитална транформација ќе изработи закон за интернет безбедност

Македонија повеќе нема да биде единствената земја во регионот без законски регулативи за интернет криминал. Работната група која ја формираше министерството за дигитална трансформација ќе го изработи првиот закон за сајбер безбедност. Министерот за дигитална трансофрмација Стефан Андоновски нагласи дека мониторингот и превенцијата на системот ќе бидат важен сегмент од стратегијата на законот, кој во нацрт верзија се очекува да биде објавен кон крајот на јануари, идната  година, а во собрание до крајот на феверуари 2025 година.

„До јануари 2025 година ќе имаме нацрт на овој закон, кој што ќе го споделиме со јавноста, ќе го објавиме на ЕНЕР и ќе ги прибереме мислењата, ќе спроведеме јавна расправа и очекувањата се дека во февруари веќе ќе го имаме како готов текст на законот во Собрание“, истакна Андоновски.

Покрај законот кој го работи министерството, истовремено  се развива и центарот за безбеден интернет кој е значајна алатка против борбата со сајбер криминалот и честите напади врз државни институции. Според Андоновски ова е проблем со кој се соочува целиот свет, но забрзано се работи на подобрување на услугите со кои ќе бидат заштитени не само институциите, туку и граѓаните.

“Во моментов, и во други држави постојат лажни пораки што им се испраќаат на граѓаните. Лажни и-мејл пораки стигнуваат и од „Фејсбук“, и од „Мета“ и од „Гугл“. Добро е што Фондот за здравство предвреме ги информира граѓаните за вакви лажни пораки. Ова ќе се случува и во наредниот период, на секои 11 секунди некоја институција во светот е под сајбер напад. Приватни лица и институции и во иднина ќе сакаат да предизвикаат сајбер напад, но важно е да имаме протокол на однесување, како ќе се поставиме кон проблемот што сакаме да го решиме” вели Андоновски.

Од министерството за дигитална транформација нагласуваат дека новиот закон ќе биде целосно подготвен со барањата на Европската Унија и ќе биде значаен чекор кон приспособување на современите услуги и ќе биде прилагоден на современите трендови и модернизација на дигиталните услуги.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00