Неуспешна обид за филмски грабеж на Блек Фрајдеј. Две лица се уапсени, откако синоќа се обиделе да ограбат салон за бела техника и електроника лоциран во градскиот стадион во Скопје, кога во голем дел од продавниците низ градот имаше примамливи попусти.

Обидот за грабеж се случил синоќа околу 21 часот. Веднаш после тоа полицијата уапсила двајца разбојници.

Според информациите, инцидентот бил пријавен околу 20 часот и 30 минути. откако две вооружени лица влегле во продавницата, но биле затекнати од полициски припадници при обидот да побегнат со парите.

А денеска на лице место имаше вообичаена раздвиженост, но и присуство на полициски службеници.

Дел од граѓаните велат дека за настанот дознале од медиумите. Тие ја поздравија брзата реакција на полицијата.

Неофицијално, драмата траела 20-тина минути, а вооружените разбојници при упадот, освен оружје, носеле и алат и друга опрема.