Home МАКЕДОНИЈА Артан Груби пред Отказ

Артан Груби пред Отказ

Артан Груби пред Одказ

by 88nil

Тетовскиот универзитет ја започнал законската постапка за разрешување на Артан Груби, кој е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство.

Според Сафет Емрули – декан на Правниот факултет, Груби, поради вршењето јавна функција до август 2024 кога се вратил на работа, го ставил во прекин работното место на Универзитетот, но неколкудневното отсуство без да даде објаснување значи преземање мерки против него.

-Со непојавувањето на работа, Груби не ги почитува обврските од Законот за работни односи и законот за високо образование, посочуваат од Универзитетот.

Груби работи на Универзитетот во Тетово од 2012 година. Лани во јули, тој одби апанажа и се врати на старата професија на Тетовскиот универзитет како професор по новинарство.

Екс-вицепремиерот избега од земјата во декември 2024 година, преминувајќи ја македонско-косовската граница преку ГП „Блаце“. Откако на својот Фејсбук профил напиша дека не побегнал туку од лични причини е во странство и многу брзо ќе се врати, му се губи секаква трага.

За Груби, како и за поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, се распишани потерници поради корупција и злоупотреба на службена должност.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00