Home МАКЕДОНИЈА Генералка викенд – над 20.000 волонтери ќе ја чистат Македонија

Генералка викенд – над 20.000 волонтери ќе ја чистат Македонија

Генералка викенд – над 20.000 волонтери ќе ја чистат Македонија

by 88nil

Македонија

 

Овој викенд, по петти пат, ќе се одржи најголемата годишна национална волонтерска акција за чистење отпад – Генералка викенд. Акцијата ќе се реализира на 9, 10 и 11 мај, а ќе вклучи над 20.000 волонтери на повеќе од 500 локации низ сите општини во државата.

Во оваа еколошка иницијатива се вклучени над 600 организации – меѓу нив се институции, компании, граѓански и спортски здруженија, еколошки организации, пензионерски здруженија, училишта, факултети и градинки.

Официјалното отворање на тридневната акција ќе се одржи на 9 мај во 9 часот кај Скопскиот аквадукт. Настанот ќе биде поддржан од високи претставници и јавни личности, меѓу кои:

вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити

министерката за образование и наука, Весна Јаневска

градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски

австрискиот амбасадор Мартин Памер

претставници на дипломатскиот кор и Црвениот крст

како и претставници на компании и организации вклучени во акцијата

Со поддршка од Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, годинава Генералка викенд е проширена со едукативната програма „Еко час“.

Во рамки на оваа иницијатива, учениците од сите училишта ќе добијат практични еколошки задачи:

На 9 мај, заедно со наставниците, ќе ги чистат училишните простории.

На 10 мај, со своите семејства ќе го уредуваат просторот околу домовите.

На 11 мај, ќе чистат паркови и пикник-локации во својата околина.

Учениците треба да го документираат своето учество преку фотографии и резултатите да ги презентираат на првиот следен час.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00