Home МАКЕДОНИЈА Ќе има ли разрешување на Димитровска? – Гаши: Сега нема законска можност, за Мицкоски судот треба да постапи

Ќе има ли разрешување на Димитровска? – Гаши: Сега нема законска можност, за Мицкоски судот треба да постапи

Ќе има ли разрешување на Димитровска? – Гаши: Сега нема законска можност, за Мицкоски судот треба да постапи

by 88nil

Нема законска оправданост за покренување постапка во Собранието за разрешување на претседателката на Антикорупциска комисија Татјана Димитровска за која е покренато обвинение за оддавање службена тајна.

Ова го истакна претседателот на Собранието Африм Гаши според кого процедурата за разрешување е токму во Комисијата за избори и именувања, но за тоа треба да има прво судска пресуда.

„Треба да има правосилна судска пресуда, како што знаете процедурата е пропишана во Деловникот и за тоа ќе одлучува Комисијата за избори и именувања. Значи ако има било каква постапка, треба да отпочне од таа Комисија и што и да одлучи ова работно тело јас ќе го процесуирам во пленарна седница. Но, да, законот е јасен, значи се зборува не за покренување обвинение туку за правосилна судска пресуда. Законски услови се уште нема, но делот на угледот, дали може некој да го води тоа тело а има покренато обвинение тоа повеќе е работа на етика и углед“, вели Африм Гаши.

Премиерот Мицкоски смета дека доколку некој функционер направи грешка тогаш самиот треба да се повлече, но како што истакна доколку има кривична одговорност за тоа ќе одговара пред судот. Разрешувањата во Собранието ги видовте со членовите од Судски совет и нема потреба да се прави естрада во парламентот.

„Постои морален чин на одговорност, ако чувствува некој треба да отстапи и да заврши со таа работа, а кривична, тука се обвинителството, судовите, тие нека гонат доколку има кривична одговорност. Па ние сега да правиме естрада во парламентот, па тоа ништо не значело според Уставот и така натаму повеќе немаме намера да се занимаваме со такви работи“, вели Христијан Мицкоски.

Во јавноста имаше големи реакции за покренатото обвинение за оддаваше службена тајна, но и особено поради информациите дека испитот за безбедносниот сертификат не го полагала Димитровска, туку колега од Државниот завод за ревизија. Поради сето ова се бараше Собранието веднаш да поведе постапка за нејзино разрешување. Од Антикорупциска излегоа со соопштение во кое велат дека Собранието е надлежно за одлуката за разрешување, а оставката како морален чин е право на Димитровска.

 „Поднесувањето на оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка. Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси“, велат од ДКСК.

За претседателката на Антикорупциска Димитровска беше покренато обвинение дека оддавала службени тајни на обвинет во случајот „Адитив“, а дополнително и за тоа дека безбедносниот сертификат го добила откако тестот и го положил ревизор, а не таа самата.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00