Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица
Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6-ти ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6-ти ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари, извести во понеделникот Народната банка.
Како што велат од централниот монетарен регулатор, исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Додаваат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжика согласно предвидената динамика.
Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.
Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари, според соопштението
Од Народната банка нагласуваат дека континуирано ја следат состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.
