Договорот не е ратификуван во грчкиот парламент: Грција го чува македонското небо на „диво“, Италија ја презема контролата
Грција наскоро би можела да престане да го контролира македонското небо во рамките на НАТО,најави порашениот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас. Ова може да се случи бидејќи договорот за контрола на воздушниот простор сѐ уште не ратификуван во грчкиот парламент.
Потписникот на Договорот од Преспа уште најави дека Италија ќе го преземе воздушниот простор на Македонија, а не е исклучено тоа да биде и Турција.
Жал ми е многу што Владата на Нова демократија продолжува да го третира случајот со Преспа како внатрепартиски проблем. Односно, постојат трите протоколи, едниот протокол вели дека ние ќе го контролираме воздушниот простор на Cеверна Македонија. И ова не го носи во Парламентот. Зошто? Кој ќе биде против? И сега воздушниот простор преку НАТО го преземаат Италијанците, а за кратко ќе видиме што ќе прави и Турција. И се прашувам, кој е придобивката? Која е целта?, рече Коѕијас пред неколку денови.
Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО кои како Македонија немаат воздухопловни сили.