Home МАКЕДОНИЈА Автопатот Кичево-Охрид највисоко на листата „матни“ настани за февруари на Барометарот на корупција на Транспаренси Интернешнл – Македонија

Автопатот Кичево-Охрид највисоко на листата „матни“ настани за февруари на Барометарот на корупција на Транспаренси Интернешнл – Македонија

Автопатот Кичево-Охрид највисоко на листата „матни“ настани за февруари на Барометарот на корупција на Транспаренси Интернешнл – Македонија

by 88nil
ЕКОНОМИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ МАКЕДОНИЈА ОХРИД ТОП ВЕСТИ

Автопатот Кичево-Охрид највисоко на листата „матни“ настани за февруари на Барометарот на корупција на Транспаренси Интернешнл – Македонија

Скопје/Охрид, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Изградбата на автопатот Кичево-Охрид е највисоко на листата „матни“ настани за месец февруари на Барометарот на корупција на Транспаренси Интернешнл – Македонија.

– Автопатот Кичево-Охрид е најголема инфраструктурна инвестиција со „децениска“ изградба. И покрај дополнителен заем од 180 милиони долари, пролонгирање на изградбата за 6 години и зголемување на вредноста на договорот за 45%, делницата Кичево-Охрид не е изградена. Недостатоци за проектната документација, нерешените експроприации на земјиштето како и недоволно обезбедените соодветни човечки и технички ресурси од страна на изведувачот, влијаеле на пролонгирање на изградбата и предизвикале дополнителен одлив на финансиски средства над првично договорените, што не е во согласност со пропишаниот правен стандард за постапување со должно внимание уреден со Законот за трговски друштва, стои во извештајот на ДЗР.

– Станува збор за редовна месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина, потенцираат од Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Според последните информации, годинава е планирано да се потрошат, односно ќе се позајмат уште 50 милиони евра од кинеската Ексим Банка за доизградба на автопатот Кичево-Охрид, стои во програмата на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за 2024 година.

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски на почетокот на годинава изјави дека трасата на автопатот била така направена да на готови делови на автопатот пред Нова година имало 11 свлечишта.

Експертот од ФИДИК (Меѓународна федерација на консултантските инженери), кој го анализира доцнењето на изградбата на автопатот Охрид-Кичево препорача „пријателско порамнување“ и кинеската „Синохидро“ да ја продолжи изградбата. Тоа значи ниту државата како инвеститор ниту „Синохидро“ како изведувач да не бараат отштета, компанијата да ја продолжи изградбата, а новиот прифатлив краен рок за завршување на патот заеднички да го утврдат.

Своевремено, овој автопат беше најавен како мега проект и најголема инфраструктурна инвестиција. Изградбата почна во февруари 2014 година, а автопатот е во вкупна должина од 57 километри и првично беше проектиран на 374 милиони евра. Но, по неколку анекси на договорот и пролонгирање на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра, но се уште е неизвесно дали тоа ќе биде и последната цена.

Според официјалните податоци на СВР Охрид, на односната делница од 2015 година имало 105 потешки сообраќајни несреќи, во кои загинале 22 лица, а 128 се здобиле со тешки телесни повреди.

На почетокот на активностите за изградба на автопатот во 2014 година беше посочено дека станува збор за највисоката инфраструктурна инвестиција во последните 50 години во Македонија, како и дека изградените автопати во државата во изминатите 50 години, чинеле помалку од инвестицијата во автопатот Кичево-Охрид. Средствата беа обезбедени со кредит од кинеската Ексим банка.

Според проектот, автопатот почнува од Кичево, па преку Подвис, Пресека и Песочани стигнува до Требеништа. Од тука преку Подмолје се поврзува со Охрид. Има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата, според првичниот проект требаше да има шест натпатници и 13 потпатници, како и тунелот „Пресека“ со две цевки. Градежните работи првично требаше да завршат за четири години, но ни по десет не е извесно кога и дали ќе биде пуштен во сообраќај. Последниот анекс за продолжување на рокот на изградбата на овој автопат беше усвоен во август 2021 година, кога владата и Собранието на оваа компанија им дадоа дополнителни месеци за неговото завршување. Реализацијата на овој проект е од стратешко значење за Република Македонија, истиот е дел од Коридор 8 како главен европски коридор

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00