Home БИТОЛА Пристигна ова опрема на одделот на Анестезија во Битолската болница

Пристигна ова опрема на одделот на Анестезија во Битолската болница

Нова опрема на одделот на Анестезија во Битолската болница

by 88nil

Нова опрема на одделот на Анестезија во Битолската болница

 

ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АНЕСТЕЗИЈА, РЕАНИМАЦИЈА И ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ И ПОТРЕБИТЕ НА ОПЕРАТИВНИОТ БЛОК
НОВА ОПРЕМА
– 3 НОВИ ПЛАТФОРМИ ЗА АНЕСТЕЗИЈА
– 3 АПАРАТИ ЗА МЕХАНИЧКА ВЕНТИЛАЦИЈА СО ВИСОКА БЕЗБЕДНОСТ
Со последната набавка на 3 нови апарати за механичка вентилација и 3 нови платформи за анестезија, само се заокружува дел од целите и барањата за напредок на оваа служба, а се за максимално, безбедно и обезбедување на квалитетни медицински услуги на пациентите. High-tech апаратура од ваков вид, обем, кавалитет и софистицираност не е набавена повеќе од 20 години за САРИЛ, објавија од Болницата.
„Благодарение на личното залагање и ентузијазмот на раководителот Др. Сотир Николовски и  директорката Др. Елизабета Ивановска, со овие набавки се става посебен акцент на потребите и важноста за опременоста и континуираниот развој на Одделение за Анестезија, реанимација и интензивно лекување.
 САРИЛ е витална служба при Клиничката болница Битола. Анестезијата , како и нејзиниот составен дел интензивното лекување, претставуваат особено важен и одговорен сегмент во лекувањето на пациентите. Целокупниот персонал кој што работи во оваа служба е високо едуциран и поседува посебни вештини за максимална посветеност во критични моменти и ситуации по животот на пациентите.
 Напредокот на оваа служба е посебно евидентен во последните години со промената на раководната структура и тоа особено во континуиран развој, едукација и опременост на службата, Објавија од Клиничка болница Битола.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00