Home МАКЕДОНИЈА Слабите административни капацитети го попречуваат спроведувањето на целите за одржлив развој

Слабите административни капацитети го попречуваат спроведувањето на целите за одржлив развој

Слабите административни капацитети го попречуваат спроведувањето на целите за одржлив развој

by 88nil


Поради одредени слабости во структурата на управување, процедурите, административните капацитети, комуникацијата и информирањето, финансирањето и системот за мониторинг, институциите и органите на Северна Македонија делумно се подготвени за спроведување на Целите на одржлив развој до 2030 година.

Ова се наведува во ревизијата на успешност  на тема „Подготвеноста на Република Северна Македонија за имплементација на Целите за одржлив развој до 2030 година“ што ја изврши Државниот завод за ревизија.

Целта, како што информира Државниот завод за ревизија, е да се даде одговор на прашањето „Дали институциите и органите на Република Северна Македонија се подготвени за спроведување на Целите за одржлив развој до 2030 година?”

– Постојната стратешка рамка на земјата релативно добро ги опфаќа клучните аспекти на одржливиот развој. Од причини што Националната стратегија за одржлив развој (НСОР) не е ревидирана и во целост приспособена согласно целите и индикаторите на Агендата 2030, се подготвува Национална развојна стратегија (НРС), а секторските стратешки документи воглавно ги рефлектираат насоките и принципите предвидени со ЦОР, поради што усогласеноста на стратешкото планирање на развојот со ЦОР е на ниво од 83 отсто, односно 95 отсто доколку се земе предвид и имплементацијата на 55 ратификувани меѓународни конвенции, се вели во соопштението.

Целосна усогласеност (покриеност на сите пот цели од конкретна ЦОР) е утврдена со ЦОР 4 (образование), ЦОР 6 (вода), ЦОР 7 (енергија), ЦОР 9 (инфраструктура и индустријализација) и ЦОР 16 (инклузивно раководење). Најнизок степен на усогласеност од 50 отсто е постигната кај ЦОР 10 (нееднаквост помеѓу и во земјите).

Од извршената анализа на организациската и институционалната поставеност за имплементација на НСОР, со ревизијата е утврдена попречена функционалност поради слабите административни капацитети, недостаток на сите предвидени тела за поддршка и процедури со јасно дефинирани надлежности и одговорности.

Утврдено е отсуство на редовна меѓу институционална комуникација, како и отсуство на ефикасни канали за комуникација и информирање со цел вклученост на засегнатите страни и подигање на јавната свест. Само пет отсто од испитаниците од спроведено истражување се изјасниле дека се воспоставени канали за комуникација и информирање на засегнатите страни и јавноста, а нивната ефикасност ја оценуваат како делумна, додека 77 отсто од нив сметаат дека не им се дадени доволно можности за активно учество во процесот на прилагодување на националната рамка со ЦОР.

– Постојниот начин на буџетирање не дава јасна слика за тоа колку од планираните и реализирани буџетски средства се насочени во функција на остварување одделните цели и под цели на одржливиот развој и не овозможува ефикасно следење на резултатите од финансираните активности, стои во соопштението.

Со ревизијата е констатирано и нецелосно искористување на расположливите средства наменети согласно петгодишната Стратегијата за мобилизација на средства и партнерства за Рамка за соработка за одржлив развој (РСОР). Во 2021 година, ОН во Република Северна Македонија располагале со средства во вкупен износ од 44,9 милиони долари, од кои искористени се 35,6 милиони долари, односно 79 отсто, а во 2022 година од расположливите 37,4 милиони долари, искористени се 31,3 милиони долари, односно 84 отсто.

Од Државниот завод за ревизија посочуваат дека следењето и прегледот за напредокот на Северна Македонија кон остварување на целите за одржлив развој од Агендата 2030 се врши преку повеќе документи: Анализа за утврдување недостатоци, Брзата интегрирана проценка, Доброволниот национален преглед и годишните извештаи од Заедничкиот управен комитет. Од глобалната рамка на индикатори, за Северна Македонија расположливи се 155 или (63 отсто), и најголемиот дел произлегуваат од програмата за работа на Државниот завод за статистика, додека останатите индикатори се обезбедуваат од други релевантни институции.

– Невоспоставениот систем за прибирање и следење на податоците од повеќе институции не го олеснува процесот на известување како поддршка на механизмот за отчетност. Во таа насока, недостасува платформа на веб-страната на Државниот завод за статистика, со која ќе се овозможи податоците и метадата информации и изворите на информации за ЦОР, како и индикаторите да бидат континуирано мониторирани, се наведува во соопштението.

Од ДЗР псочуваат дека со ревизијата на успешност бил опфатен периодот од 2015 до 2022 година, при што беше опфатен период пред и период по завршување на ревизијата, до денот на
изготвување на овој извештај.
Со ревизијата беа опфатени Владата на Република Северна Македонија/Кабинетот на
заменик на претседателот на Влада задолжен за економски прашања, координација на
економски ресори и инвестиции/Националниот совет за одржлив развој,
Министерство за надворешни работи, Министерство за животна средина и просторно
планирање, Државен завод за статистика, a податоци беа обезбедени и обработувани
и од министерствата од ресорите на: труд и социјална политика, локална самоуправа,
финансии, здравство, правда, одбрана, внатрешни работи, образование и наука,
култура, економија, земјоделство, шумарство и водостопанство и транспорт и врски.

„За да одговориме на основното ревизорско прашање, ги определивме следните
специфични прашања:

– До кој степен Владата ја има прилагодено Агендата 2030 во својот национален контекст?

– Дали Владата ги има утврдено и обезбедено ресурсите и капацитетите потребни
за спроведување на Агендата 2030?

– Дали е воспоставен механизам за мониторинг и известување за напредокот во
спроведувањето на Агендата 2030?“, се наведува во извештајот на ДЗР

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00