Home ЕКОНОМИЈА Македонија повторно се задолжи над 80 милиони евра на домашниот пазар, месецов треба да врати 100 милиони евра

Македонија повторно се задолжи над 80 милиони евра на домашниот пазар, месецов треба да врати 100 милиони евра

Македонија повторно се задолжи над 80 милиони евра на домашниот пазар, месецов треба да врати 100 милиони евра

by 88nil

Државата се задолжи над 80 милиони евра на домашниот пазар. Издаде 2 државни обврзници , едната 5 годишна, другата 15.  Вредноста на првата изнесува 24,2 милиони евра, а каматата која ќе им се даде на инвеститорите е 4,2%.

Втората е со двојно повисока сума, 57,4 милиони евра, но и повисока камата – 5,6 отсто. Номиналната вредноста на една обврзница изнесува 10 илјади денари. За што ќе се трошат парите,од министерството за  финансии без конкретен одговор. Велат дека станува збор за редовно, планирано задолжување, со цел да се обезбедат пари од дома по поповоплни услови отколку од надвор, имајќи в предвид дека каматите на меѓународните пазари се сеуште високи.

На даночниот календар за овој месец има уште едно задолжување на домашниот пазар,  со издавање граѓански  обврзници. Сумата ќе зависи од интересот на граѓаните за оваа обврзница, а каматата се очекува да биде иста како претходните 2 емисии, односно 5 отсто.

Инаку, по две нови обврзници државата планира да издава секој нареден месец до јуни, за кога е закажана уште една, дополнителна емисија на граѓанаски обврзници.

На страната на  министерството стои дека овој месец државата треба да врати скоро 100 милиони евра стари долгови.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00