65
![](https://ohridpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/galicicapat.jpg)
Од 15-ти ноември 2023 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година, информират од Авто-мото сојузот на Република Македонија.
Од 15-ти ноември 2023 година, патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се’ до 1. април 2024 година.