Децата нема да бидат примени во градинка без разлика дали е приватна или државна се додека не детето не е целосно имунизирано според возраста.
Метеж и чекање ред во вакциналните пунктови. За ден иполивина во поликлиниката Букурешт биле вакцинирани околу 120 деца а олчекуваат бројката да се зголеми и во попладневните часови денеска. Педијатрите велат дека најчесто се бараат потврди за примени вакцини, а многу родители сакаат да ја забрзаат постапката за вакцинација. Новина е тоа што досега периодот за примање на првата ревакцина на 18 месеци беше една година пауза од примената трета доза на вакцина со новите измени ревакцината може да се прими и на шест месеци до примањето на третата вакцина за голема кашлица.
Родителите во трка со времето децата да ја примаат потребната вакцина. Во градинките строго не смее дете без целосна имунизација да биде примено.
Родителите чии деца не може да се вакцинираат поради одредени претходни здравствени состојби на пример: прележана крупна сипаница, а вакцината може да ја примаат по два месеци од ДСЗИ велат дека само важечка медицнска потврда е од Клиниката за детски болести со која детето ќе може да оди во градинка без одредна доза на непримана вакцина. Истото важи и за други здравствени состојби кога детето не може да прими вакцина.