Home ПОЛИТИКА Започнува мониторингот на ОБСЕ/ОДИХР за двојните избори – ќе бидат распоредени зголемен број на набљудувачи

Започнува мониторингот на ОБСЕ/ОДИХР за двојните избори – ќе бидат распоредени зголемен број на набљудувачи

Започнува мониторингот на ОБСЕ/ОДИХР за двојните избори – ќе бидат распоредени зголемен број на набљудувачи

by 88nil

Зголемен број на набљудувачи ќе бидат распоредени за претстојните претседателски и парламентарни избори. Денес, ОБСЕ/ОДИХР ја отвори мисијата во земјата.

Дванаесет меѓународни експерти од исто толку држави членки на ОБСЕ и 20 долгорочни набљудувачи ќе бидат распоредени низ целата држава од наредната недела.

Тимот ќе го дополнат и 300 краткотрајни набљудувачи кои ќе пристигнат во Македонија на еден ден пред гласањето.

„Пред нас има многу работа, а роковите се кратки“, вели шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Џилијан Стирк.

„Имаме други експери коишто работат на изборната администрација, правната рамка, политичката средина, кампањата, политичкото финансирање, финансирањето на кампањата и медиумите. Ние исто така ќе имаме комуникација со сите институции коишто се вклучени во изборниот процес, како и политичките партии и граѓанското општество. Врз основа на сите тие разговори ќе подготвиме прелиминарен извештај којшто треба да биде објавен на 9 април“, изјави Џилијан Стирк, шефица на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Претходно, ОБСЕ/ОДИХР во својот извештај предупреди за можна нестабилност и неизвесни избори.

Денес, шефицата на мисијата Стирк вели дека зголемениот број на набљудувачи се должи на препораките од Мисијата за проценка на потребите.

Партиите на Албанците од власта и опозицијата во меѓувреме се обвинуваа меѓусебно дека се подготвени да предизвикаат немири, доколку не им одговара изборниот резултат.

„Бројот на набљудувачи се заснова на препораките од Мисијата за проценка на потребите. Има два вида на избори коишто се случуваат во ист ден, па не е невообичаено да имаме голем број на набљудувачи и дека бараме голем број за двата вида на избори“, додаде Стирк. 

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе анализира и дали претходните препораки се имплементирани во измените на Изборниот законик.

Ова се 22 избори во Македонија коишто ќе ги набљудува ОБСЕ/ОДИХР. Последни беа локалните избори кои беа следени од страна на мисијата.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00